top of page

SZA: Deluxe изданието на SOS всушност ќе биде сосема нов албум

SZA излезе со својот студиски албум SOS минатата година во декември, и помина одлично кај критичарите. Таа го однесе на светска турнеја, а ѝ претстои уште северноамериканскиот дел од турнејата кон крајот на месетот. На 8 септември таа приреди забава со која го прославуваше успехот на албумот во Бруклин, каде потврди дека делукс изданието на СОС ќе пристигне кон крајот на оваа година. „Делуксот е како цел „друг албум“, рече таа, според снимките на фановите од настанот споделени на Твитер. „Се вика Лана. Тоа се седум до десет песни. И ќе излезе оваа есен!“


За време на настапот SZA изведе неколку необјавени траки меѓу кои “Saturn,” “Boy From South Detroit,” “PSA,” и “OD/Diamond Boy.” Таа исто така ја покани Ајс Спајс на сцената - која беше таму во публиката.


Минатата недела излезе со нов сингл Snooze а во видеото се појави и Џастин Бибер.





Comments


bottom of page