Џони Деп и Кејт Мос: засекогаш запечатени во поп историјата како иконичен пар

Сега е тешко да се замисли, но Деп и Мос во децениите како суперпопулари ѕвезди држеа до својата приватност. Кејт Мос не е на социјалните мрежи, а кога се појавуваа(т) во медиумите е ретко и внимателно одбрано. Всушност таа го припишува мотото “Не се жали, не објаснувај“ на лекција која ја научила од Деп, и воопшто како да се справува со славата. Судењето кое е во својата седма недела е сѐ освен оваа филозофија: Деп (и Херд!) како и луѓето околу нив, ги опишуваат околностите на нивните животи од детството па натаму во фасцинатни детали, до мерка која мора да е болна. Но околу тоа друг пат, сега би сакале да се потсетиме на Деп и Мос, еден од најиконичните парови не само во 90-тите, туку и воопшто во популарната култура. Со високи остри јаболчици, закосени мачји очи, лесни безгрижни тела, нивната убавина која наликува е нереално убава… но дури и само во фотографиите се насетува конфликт… не неопходно помеѓу нив двајцата, туку од оние конфликти кои пробликнуваат во секоја животна ситуација и е дел од нивната природа.