Whoopi Goldberg е суспендирана од дневното ток-шоу The View(Поглед) на две недели, изјави претседателот на АВС Вести Ким Годвин „Иако Вупи се извини ја замолив да си земе време да размисли и научи за влијанието на нејзините коментари. Целата АВС Вести организација стои во солидарност со нашите колеги Евреи, пријатели, семејства и заедници.„
Таа се извини само неколку часа откако ја направи забелешката , откако жустри реакции почнаа да пристигаат на нејзина адреса „ Моите зборови вознемирија толку многу луѓе, што никогаш не беше мојата намера. Разбирам зошто и затоа сум длабоко, длабоко благодарна затоа што информациите што ги добив беа корисни и ми помогнаа да разберам некои различни работи.„
Таа ја направи забелешката во дискусија на емисијата за забраната на книгата Маус во школо во Тенеси, добитник на Пулицер, затоа што имало голотија , а темата на книгата бил Холокаустот.
Рабинот Абрахам Купер, ја пофали Вупи затоа што во текот на годините си ги кажувала своите мислења гласно но во однос на забелешката за Холокаустот се мачел да разбере зошто би ја кажала:
„Единственото објаснување што го имам е дека има нова дефиниција за расизам што било пласирано во јавноста скоро, што го дефинира расизмот како појава која ги таргетира ексклузивно само POC(people of color) луѓето на боите. А историјата очигледно не́ учи поинаку. Се́ во врска со Нацистичка Германија и таргетирање на Евреите и Холокаустот било поврзано со расата и расизмот. Тоа е тажниот, неприкосновен факт.„
Кенет Л.Маркус, на чеко на Louis D. Brandeis Center for Human Rights Under Law, ги поврза коментарите на Вупи со поширока мисконцепција за Холокаустот, Еврејскиот идентитет и антисемитизмот.
„Во нејзината грешка таа рефлектираше недоразбирање за еврејскиот идентитет кој е раширен и опасен, кој некогаш е опишан како антисемитизам кој брише. Тоа е погледот дека Евреите треба да се гледаат само како бели, привилегирани опресори. Го негира еврејскиот идентитет и го вклучува неутрализирањето на еврејската историја.„
Овие проблеми за расизмот насочен кон Евреите е нешто што лесно можеме да го разбереме како Македонци, посебно последниве 30на години, а особено после епизодата со т.н.Бугарски спор...
Во Израел да се биде Евреј ретко е гледан во контекст на раса, делумно поради големиот диверзитет на земјата. Еврејската популација(80%) вклучува Евреи со корени од Европа, Блискиот Исток и Северна Африка како и мигранти од бившата СССР и Етиопија - појаснува НПР.
Коменарот стигна дури до Израел, И Јад Вашем ја викна да дојде во Ерусалим да го посети Светскиот меморијалниот центар на Холокаустот .
Сето ова почна кога завчера - во понеделник - Голдберг искоментира „Мислам, книгата е за Холокаустот, убивање на 6 милиони луѓе, но тоа не ти сметаше? Ако расправаме за ова ајде да бидеме искрени. Холокаустот не е поради расата. Не, не е поради расата.„
Кога колешките и се спротивставија таа уште поупорно негираше.
Yorumlar