Ye и Bianca Censori – Крај на бракот или уште една драма во низата?
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Apr 3
- 2 min read
Updated: Apr 5
Ye и Bianca Censori – Крај на бракот или уште една драма во низата?

Изгледа дека Ye – некогаш познат како Kanye West – повторно ја користи музиката како дневник, а последното што има да го каже за својот брак со Bianca Censori не звучи баш како љубовна песна. Во новата нумера “Bianca”, дел од албумот WW3, раперот ги потврдува гласините дека неговиот втор брак е во распад и фрла сериозни обвинувања на својата (поранешна?) сопруга.
Песна или јавна исповед?
“My baby she ran away/But first she tried to get me committed,” – пее Ye, тврдејќи дека Bianca не само што го напуштила, туку и се обидела да го хоспитализира пред да си замине. Ако ова ви звучи познато, тоа е затоа што Kanye веќе има историја на јавни испади во кои тврди дека луѓето околу него се обидуваат да го затворат во болница. Само што овој пат, наводно, тоа е неговата сопруга.
Во текстот тој исто така признава дека ја следи преку апликација и дека се чувствува како дел од уште една токсична холивудска врска, споредувајќи се со Cassie и Diddy – пар чие име неодамна се поврзува со насилство и контрола.
Каде завршува музиката, а каде почнува реалноста?
Дали ова значи дека Bianca навистина го оставила Ye? Според извештаите од февруари, одговорот е „да“. Инсајдер за New York Post откри дека на Censori „ѝ беше доста“ по серијата контроверзии поврзани со раперот. Последната капка, бил моментот кога Ye реши да продава маици со свастика, што очигледно била границата што таа не сакала да ја премине.
„Тоа беше последната капка,“ вели изворот. „Му кажа дека тоа не е нешто што таа може да го одобри , и дека не може да биде поврзана со нешто такво.“
Големиот молк на Censori

И покрај тоа што Ye очигледно си ја отвори душата на песна, Bianca останува тивка. Нема изјави, нема деманти, нема обиди да ја „коригира приказната“. Единствената официјална реакција дојде од нивниот контроверзен портпарол Milo Yiannopoulos, кој порача дека „сите објави за нивниот приватен живот ќе дојдат од нив директно“. Но, со оглед на тоа дека Kanye веќе зборува преку музика, дали ова значи дека е официјално – крај на нивната врска?
Во светот на Ye, ништо не е црно-бело (иако маиците со свастика дефинитивно се црно-бел проблем). Можеби ова е само уште една фаза во хаотичниот живот на раперот. Но, ако нешто е сигурно, тоа е дека Bianca, барем засега, не се враќа назад.
Comments