28. 04. 24. 15:00
japan.net.mk, сакура фестивал, кантина, саем
Кантина, Radnjanska, Skopje, North Macedonia

Скопје, Македонија - На 28 април, во атмосфера на пролетно расцветување и јапонскатa традиција, Кантина ќе биде домаќин на единствен настан . Промотивниот настан за претстојниот Сакура фестивал во јуни, нуди уникатен увид во изложби, кулинарство и уметност инспирирани од Ханами, традиционалното гледање на цветови.

Организиран од Japan.net.mk и Кантина, настанот ветува автентично искуство каде учесниците ќе се запознаат со дел од културното наследство на Јапонија, проследено со дегустација на вкусови кои го овековечуваат овој уникатен момент во годината. Пролетта во Јапонија е синоним за расцветани црешови цветови, што го прави овој настан перфектна прослава на нови почетоци и славење на природата.
Посетителите ќе имаат прилика да уживаат во специјално приготвени коктели инспирирани од Сакура, меѓу кои се истакнуваат Сакура Sour, креиран со употреба на јапонскиот UKIYO CHERRY BLOSSOM џин и Aphea Коктел, кој содржи вистински цветови. Заљубениците во азиската кујна ќе имаат прилика да уживаат во промотивни азиски специјалитети, а за слаткото задоволство предвиден е ексклузивен чизкјек со прелив од јагода.

Дополнително, настанот ја збогатува и мини Ханами базар понудата каде изложувачи како Animeshop, Factory girl, Chaotic dolls и Siena ќе претстават дел од својата понуда. Љубителите на бонсаи дрвца ќе најдат интерес во изложбата организирана од Bonsai trees Macedonia, Mansa bonsai и Tomas bonsai кои ќе ја разубават атмосферата со дел од своите уметнички колекции.
Настанот е отворен за посетителите со почеток во 17 часот, на 28 април 2024 година, во просториите на Кантина. Влезот е слободен за секој кој сака да ја живее магијата на јапонската култура и да почувствува енергијата на пролетта.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно културно искуство, каде духот на Јапонија ќе оживее во срцето на Скопје.

