top of page

Албарн нема никогаш да се врати на Коачела

Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика

16. tra 2024.

ree

Дамон Албарн ( Damon Albarn) од Blur си ја кажа својата фрустрација во живо на сцената додека настапуваше пред публиката која беше се́ само не ентузијастички настроена на Коачела овој викенд.

Легендата на Бритпоп жанрот настапи со својот бенд на музичкиот фестивал во Калифорнија во саботата (13 април), помеѓу сетовите од Sublime и No Doubt пред Tyler the Creator како хедлајнер на вечерта.

Blur испорача сет кој ја покри целата нивна кариера на главната сцена на Coachella, вклучувајќи ги омилените траки на фановите како „Song 2“ и „Popscene“.




Сепак, Албарн беше видно иритиран кога се обиде да изведе повик-и-одговор со американската толпа за време на „Boys and girls“.

„“Можете и подобро од ова“, им рече тој на присутните во еден момент, што беше пречекано со тишина. Кога сè уште не го доби саканиот одговор, фронтменот рече: „Никогаш повеќе не нè гледате, па може и ебано да ја пеете. Ме разбирате?“ Снимка од Boys and girls нема на Коачела каналот :) ...




Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© Copyright
bottom of page