top of page

За време на неодамнешниот стенд-ап, комичарот го коментираше виралниот настап на Кет Вилијамс во Клуб Шеј Шеј

Дејв Шапел: „Тој е стар! Тој е дебел! Оставете го н****-от на мира!“

22. sij 2024.

Дејв Шапел ги почести фановите со неговото мислење за виралното интервју на Кет Вилијамс во поткастот „Клубот Шеј Шеј“, за време на неодамнешен стенд-ап.


Шапел зборуваше за Вилијамс на сцената на MonDERAYS во Холивуд Импров во петокот, настан чиј водител беше комичарот ДеРеј Дејвис.


ree

Иако сетовите на Шапел се познати по нивната строга политика без телефон, делови од неговиот сет каде комичарот го критикува Вилијамс кружат на социјалните мрежи.

Комичарот  беше  ненајавен гостин-изненадување  на еден од датумите на турнејата на Деон Кол оваа недела, каде што го изведе својот сегмент кој се однесува на Вилијамс.


„Сакам многу луѓе, но го сакам Кет повеќе од повеќето луѓе, а тој н***а е дивјак“, рече Шапел на снимката снимена од шоуто.

„Добро, во ред, „И јас сум во војна со илуминатите, но кој дел од таа војна значи етерирање (Во контекст на познатата рап битка и песната „Ether“, „to ether“ е жаргонски термин изведен од насловот на песната  „Етер“ koja беше издадена од Нас во 2001 година како одговор на дис-траката на Џеј Зи „Takeover“. Во овој контекст, „да етерира“ значи темелно да искритикуваш, навредуваш или вербално да уништиш некого на јавен и решителен начин, често во форма на дис песна или вербална пресметка. Терминот оттогаш се користи пошироко во хип-хоп културата за да опише доминантно и остро вербално соборување, или пак победа во рап битка.)   на Cedric the Entertainer?? - „Ќе ги уништам илуминатите а ќе започнам со Седрик !' Сед е добар фраер. Тој е стар, дебел е, оставете го н***а на мира“.


„Кој дел од играта е ова? Тој само етерираше н****и. Тој не кажа ништо за ниту еден од белите дечки. Никој од белите дечки не функционира така“, рече Шапел за Вилијамс за време на неговиот сет. „Кет е еден од најдобрите сликари во играта. Па зошто ни црташ грди слики? Прекини..Повредени луѓе повредуваат луѓе. но јас сум повреден човек кој никогаш не ги повредува луѓето, а тој го прави тоа цело време: „Еби го ова, еби го овој и еби го оној“, рече Шапел, имитирајќи го Вилијамс. „Но, н***, не слушнав ништо што ти имаш згрешено. Тој не направил ништо погрешно? Кет никогаш не направил ништо лошо?“

Шапел потоа продолжи со своето излагање во кое вели дека доколку ја раскаже својата приказна, „ќе ти го скрши срцето“ и дека „изгубил сè и никогаш, никогаш никому не му кажал“. Тој продолжи „многу го сакам Кет“, но се запраша зошто Вилијамс им прави прозивки на своите луѓе кога „сите ние се обидуваме да бидеме во подобра ситуација“.


Шапел, исто така, се осврна на дискусијата на Вилијамс за Стив Харви, алудирајќи дека водителот на Family Feud „не прави“ комедија повеќе. Присутен на шоуто беше и Дереј Дејвис, кој се согласи со тврдењето на Марлон Вејанс дека виралниот момент на Вилијамс е „добар за комедијата“. На тоа Шапел одговори „Не е, ај ќути н***!“.


ПОВРЗАНО: Поткаст лектира - Кет Вилијамс не се воздржуваше


„Знаеш зошто не се согласувам? Затоа што истиот тој ден објавив специјал. И добро пројде. И излегува н***-ов и вика „Имам прочитано 6000 книги!“ - кој кур збориш?!“ 


Најновиот специјал на Шапел за Нетфликс беше објавен на 31 декември, но забелешките на Вилијамс за Седрик, Харви, Кевин Харт и други комичари станаа трендинг тема за кратко време по издаваењто  на епизодата на „Клуб Шеј Шеј“. До денес, епизодата има 52 милиони прегледи после премиерата на 3 јануари.

 

Во речиси тричасовниот разговор, Вилијамс тврдеше дека Седрик украл материјал од него, дека Харви ги „мразел“ Берни Мек и Марк Кари и дека Харт бил „насаден од индустријата“.



 

Седрик, кој ги негираше тврдењата на Вилијамс за време на претходната епизода на Клуб Шеј Шеј, исто така ги коментираше наводите додека присуствуваше на 81-от Златен глобус.



„Сега е интересно време“, изјави Седрик за Entertainment Tonight. „Луѓето се појавуваат по блогови и тие пласираат работи што не се ни фактички. Ја оставам сточната храна да се постира таму додека не бидам подготвен да одговорам . Јас сум тој што сум.“.



Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© Copyright
bottom of page