top of page

Џеј Зи со 9 минутна песна на саундтракот на „Книгата по Кларенс“

Ова е прва соработка на Џеј Зи со Дианџело.

16. sij 2024.


Официјалниот саундтрак за новиот филм на Џејмс Сејмуел, „Книгата по Кларенс“ (The Book of Clarence) дебитираше на сите стриминг платформи во петокот, 12 јануари.


Саундтракот е составен од некои од најпрепознатливите имиња во хип-хопот. Семјуел, кој го режираше филмот и го курираше саундтракот, соработуваше со голем број на врвни уметници, вклучувајќи ги JAY-Z, D'Angelo, Doja Cat, Kodak Black, Kid Cudi, Lil Wayne, Buju Banton, Shabba Ranks, Jorja Smith и многу други.



Првиот сингл на Самуел од саундтракот, 'Hallelujah Heaven', беше објавен минатиот месец, пред премиерата на филмот.На премиерата во Лос Анџелес, Самуел ја најави својата соработка со D'Angelo и JAY-Z. Во интервју за The Breakfast Club неделава, Самуел сподели: "Тој не рапува. Тој не римува. Тој само зборува како --- тој само доаѓа и лебди. И D'Angelo и́ се нафрли. Толку е добро."Песната, 'I Want You Forever', е духовно патување од 9 минути и 32 секунди. Со текстовите на JAY-Z:

,"Luther songs looped up in my head/
Love you for my life, and I put that on my dead, " 
Лутеровите песни ми кружат во глава
Те сакам за цел живот, и ти се колнам додека мртов станам,



„Книгата по Кларенс“ беше најавен минатата година, со JAY-Z кој го сподели првиот трејлер на својата Инстаграм страница. Ова е вториот проект на филм-саундтрак на Семјуел, после „The Harder They Fall“ (Што пониско паѓаат), кој се даваше во кината пред  две години. Претходниот саундтрак, исто така колаборативен проект, вклучуваше уметници како Jigga, Cudi, Conway The Machine, Jadakiss, и Cee Lo Green.



Со „Книгата по Кларенс“, Семјуел продолжува да ги меша киното и музиката, креирајќи уникатно слушателско искуство за ентузијастите на филмот и музиката.




Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© Copyright
bottom of page