14. 11. 24. 18:00
Скопје ова лето ќе биде домаќин на уште еден уметнички настан под отворено небо. Како дел од Карпошовото културно лето „Мирисот на летото 2024“, Детскиот ликовен центар ќе организира ликовен настан кој ќе се одржи во дворот на Кинотека на Република Северна Македонија.
На настанот, кој ќе се одржи на 24 и 25 август (сабота и недела), ќе учествуваат десет ликовни творци, меѓу кои се: Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева.

Во текот на двата дена, од 10 до 19 часот, овие уметници ќе бидат во живо пред публиката, создав ајќи нови дела под летното сонце.Отварањето на изложбата е закажано за вторник, 27 август, во 12:00 часот о изложбената галерија при кинотеката .
Стручниот секретар на Детскиот ликовен центар и познатиот ликовен уметник, Харалампие Манчев – Хари, истакна дека настанот не само што ќе овозможи презентација на современата македонска ликовна уметност, туку и ќе создаде платформа за размена на идеи и инспирација меѓу уметниците и широката јавност.Повикани се сите љубители на уметноста и културата да го посетат настанот и да уживаат во креативната енергија што ќе го одбележи ова лето.

