top of page

сите за МКЦ, протест, МКЦ

14. 11. 24. 18:00

„Се гледаме во недела. За Мирко! Неговите напори за развивање на култирата сега мора да се наши колективни напори!“

Во срцето на Скопје, една институција која со децении служеше како колевка на културата и уметноста сега се бори за своето преживување.


Групата  „Сите за МКЦ“ повикува на протест во недела, со цел да укажат на проблемите со кои се соочува Младинскиот културен центар (МКЦ) под новото раководство на директорот Бени Шаќири. Собирот е повик за поддршка на културниот простор кој, според многумина, е на работ на згаснување.

Време е, според организаторите, да се преземе акција и да се заштити духот на институцијата која беше пример за несебично фокусирање на културата и уметноста.

Тие ги повикуваат граѓаните, уметниците и сите оние кои се грижат за културното наследство да донесат акустични инструменти, бои, четки, спрееви, маркери, платна, хартија и други материјали...



Целта е да се создаде креативна и инклузивна атмосфера која ќе го демонстрира значењето на МКЦ за локалната заедница.Протестот доаѓа како одговор на одлуката за прекин на ангажманот на хонорарците во МКЦ до крајот на изборите, што според новиот директор е неопходна мерка. Но, вработените и Синдикатот за култура истакнаа дека хонорарците можат да продолжат да работат ако се платени од сопствените приходи на МКЦ, а не од буџетот на Град Скопје.


Оваа одлука резултираше со затворање на бифето, продавницата „Ап(о)тека“ и прекин на многу програмски активности, што сериозно го нарушува културното и социјалното функционирање на центарот. Не само што вработените и хонорарците останаа без примања, туку и граѓаните без својот омилен културен простор.

„Сите за МКЦ“ истакнува дека нивните активности не се политички мотивирани, туку се плод на чиста загриженост и љубов кон културата и уметноста. Исто така, групата преку своите акции сака да ја потсети јавноста на важноста на МКЦ за културниот живот на градот и да повика на колективна акција за негово спасување.

ree

Протестот „Сите за МКЦ“ е само еден чекор кон борбата за опстанокот на оваа легендарна институција. Во срцето на настаните стои пораката дека културата и уметноста треба да бидат достапни и негувани од сите, за сите. Со колективни напори и непреклонува посветеност, можеби и МКЦ ќе продолжи да биде оаза на креативноста што ја познававме и ја сакавме.



Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за интегритетот и самиот опстанок на скопскиот Младински Културен Центар.

Движењето се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа на 22.01.2023 на платото пред МКЦ со цел да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот и непрописното менување на в.д. директорот, настанот кој беше организиран од Гола Планина Колектив, независна мрежа на новиот музички бран во Македонија. Иако оваа иницијатива започна со Гола Планина Колектив, #СитеЗаМКЦ претставува неформално движење на различни видови на уметници, но и засегнати граѓани кои целат да го заштитат еден од последните јавни културни простори во државата. „Ние ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија.“ велат од „Сите за МКЦ.“



Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© Copyright
bottom of page