14. 11. 24. 18:00
Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ во Филхармонија

На 20 септември, во големата сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот,Стефан Миленковиќ, заедно со македонскиот камерен оркестар „Профундис“. Концертот започнува во 20:00 часот и ќе обедини музички дела од легендарните композитори како Чајковски, Паганини и Сен-Санс.
Стефан Миленковиќ, еден од најпочитуваните виолинисти на својата генерација, ќе настапи за првпат по повеќе од пет години во Скопје. Познат по својата длабочина на интерпретација и неверојатна техничка подготвеност, Миленковиќ има долга кариера која го има одведено на сцените на најпрестижните концертни сали низ светот.
„Поминаа повеќе од пет години од мојот последен концерт, па затоа со нетрпение чекам да се видиме во Скопје, град кој има прекрасна публика и каде имам многу пријатели!“, изјави Миленковиќ.
Камерниот оркестар „Профундис“, ќе го придружува Миленковиќ на сцената. „Чест е да го имаме Стефан Миленковиќ како дел од нашата програма оваа сезона. Неговата виртуозност и страст кон музиката совршено се вклопуваат со уметничките стандарди на нашиот оркестар“, истакна Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на „Профундис“.
На програмата ќе бидат изведени дела од музичките великани како П. И. Чајковски, Н. Паганини, К. Сен-Санс, Ж. Масне, А. Бацини и П. Сарасате.
Влезниците за овој концертен спектакл се достапни преку интернет платформата и продажната мрежа на МК ТИКЕТС.

