14. 11. 24. 19:00
Во МКЦ во Скопје, норвешко-јамајскиот изведувач и кореограф Харалд Бехари ќе го изведе својот соло танцов перформанс „Batty Bwoy“

На 10 јуни 2024 година, со почеток од 20:00 часот, во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, норвешко-јамајскиот изведувач и кореограф Харалд Бехари ќе го изведе својот соло танцов перформанс „Batty Bwoy“. Овој настан е дел од дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје, фестивал за квир култура, уметност и теорија, кој ќе се одржи од 5 до 16 јуни на четири локации низ градот.
„Batty Bwoy“ е танцов соло перформанс кој започнува не со прашање или критика, туку од место на игра и желба, испреплетени со насилство и фина суровост. Деловото е телесна фикција неразделна од квир црнечкото постоење. Перформансот е резултат на соработка со Каролине Бакен Лунд, Вероника Брус, Јасем Хинди и Ring van Mobius.

Преку реапропријација на јамајскиот израз „Batty Bwoy“ (буквално, „butt boy“), што во сленг значи квир личност, делото ги искривува и извртува митовите за квир телото, повикувајќи на демонични чувствителности и шармантни суровости. Делото ги истражува ранливите можности во една заемна интеракција на свесност и наивност, разоткривајќи ги ужасот и радоста што се дел од квир црнечкото постоење.
Анализирајќи ја апсурдноста на квир монструозноста, „Batty Bwoy“ артикулира преку танц порозноста на телата и јазиците, усти кои ги голтаат и ги блујат телесните фикции проектирани врз кожата. Делото ја напаѓа и ја прифаќа слоевитата нарација околу стравот од квир телото како перверзна и девијантна фигура.
Овој перформанс е копродукција со „Dansens Hus“ во Осло и „RAS“ во Санднес, премиерно изведен на 20 јануари 2022 година.
Кој е Харалд Бехари

Харалд Бехари (р. 1992) е норвешко-јамајски изведувач и кореограф кој живее и работи во Осло. Неговата практика истражува алтернативни начини на постоење, танцување и заедничко живеење, поставувајќи прашања за нормативноста. Интерес има за нерафинираното, техниката „Направи сам“ и ранливоста да се биде во непознатото.
Во својата кариера соработувал со многу уметници, меѓу кои се Кристин Хелгебостад, Франсоа Шањо, Ингри Фиксдал, Бушра Уизген, Питер Ампе, Марсело Евелин, Хуман Шарифи и Миа Хабиб. Од 2016 до 2019 година беше дел од „Carte Blanche“ - Норвешката национална компанија за современ танц.
Харалд Бехари, заедно со Џули Мовикен и Шарлот Утзиг, е дел од перформанс колективот „De Naive“, кој работи со танцова практика како мек активизам, поканувајќи и инвазијајќи јавни простори со социјални перформанси.
Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да го видите „Batty Bwoy“ на Харалд Бехари во МКЦ, Скопје. Влезот е бесплатен.

