top of page

6.12.23, во 19:00

онлајн настан, Кристина Пулејкова, Ана Франговска, разговор, КСП Центар - Јадро

Среда, 6.12.2023, почеток: 20.00 часот



КСП Центар-Јадро ја продолжува својата мисија за претставување на македонската визуелна сцена со серија разговори.


На 6-ти декември, среда, во 20.00 часот, ќе имате прилика да учествувате во онлајн настан каде што кураторката и историчарката на уметност, Ана Франговска, ќе води разговор со македонската визуелна уметница, Кристина Пулејкова.


Серијата на разговори е насочена кон остварување на континуитет во претставувањето на македонските уметници, со цел за постигнување на поголема промоција и генерирање на дијалог на локалната уметничка сцена. Овојпат, фокусот е на Кристина Пулејкова, македонска уметничка која со своето интердисциплинарно творештво предизвикува стереотипи и ги истражува границите меѓу човекот и природата.


Со историска предметност, Кристина ги обединува науката и технологијата во своето творештво. Нејзините дела, изложени во национални и меѓународни институции, го истражуваат влијанието на технологијата врз нашите меѓусебни односи и врз природата. Низ подвижни слики, звук и инсталација, таа ги изградува субјективните наративи засновани на научни принципи, обликувајќи гласови од различни перспективи, вклучувајќи ги и нечовечките гледни точки.


Со диплома за магистериум по сликарство((БА + м-р) и анимација од Универзитетот за применети уметности во Виена и магистер по уметност и наука од Централ Сент Мартинс во Лондон, Кристина Пулејкова го претставува Македонското уметничко творештво во светот. Таа добила инаугуративната стипендија FLAMIN од Филм Лондон во 2017 година. Делата на Кристина се изложени/прикажани во Националната галерија, Скопје; МСУ, Скопје но и во галерии ширум Европа.


Овој онлајн настан не е само можност за запознавање со творештвото на Кристина Пулејкова, туку и шанса за учество во дијалог кој го обогатува искуството на уметноста.


За сите љубители на уметноста и сите оние кои сакаат да го истражат светот на визуелната уметност, овој настан е одлична прилика.

Очекуваме вирутелно да се сретнеме со Кристина Пулејкова и да се впуштиме во разговор за уметност, технологија и нивната интеракција во денешното современо општество/општества.

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page