top of page

15.12.23, во 19:00

Милка Ефтимова, Василија Чали, НУ Музејот на македонската борба за самостојност, изложба

Музеј на Македонската борба за самостојност и независност, Skopje, North Macedonia

НУ Музејот на македонската борба за самостојност ќе одржи изложба “Милка Ефтимова”. Василија Чали, имаше привилегија да биде дел од изложбата, посветена на великата оперска и концертна уметничка, Милка Ефтимова.


Името што одржува вековна слава во македонската музичка сцена


Изложбата е патување низ восхититувачката кариера и наследство на Милка Ефтимова, алт и мецосопран певица, вистинска доајенка на македонската опера. Изложбата ги претставува ексклузивните предмети, дел од личниот свет на Милка Ефтимова, чии донации се вистинско богатство за културната оставштина.


Василија Чали: творец на визуелно волшепство


Автор на оваа изложба е Василија Чали, соработничка во визуелните уметности, дизајн и архитектура. Нејзините вештини внесоа чар во просторот на Музејот, претворајќи го во вистинско чудо за сите посетители.


Датум на Отворање: 15 декември, 20:00 часот


Одбележете го датумот - петок, 15 декември, во 20 часот од страна на директорката на Музејот м-р Даниела Николова и д-р Александар Трајковски. на кој во фоајето на Музејот на Македонската борба за самостојност ќе се одржи отворањето на изложбата. На вас ќе ви биде представено наследството и уметничката визија на Милка Ефтимова, обележувајќи го овој момент како вистинско оживување на нејзината сценска виртуозност

 


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page