top of page

8.2.24, во 19:00

Елизабета Костова, КСП Центар-Јадро, Градски импресии, самостојна изложба, акварел

Алберт Ајнштајн 2, Skopje, North Macedonia

Скопје, 8 февруари - Во четврток (8.02) во КСП Центар Јадро, публиката ќе има можност да се впушти во светот на градските импресии со изложбата на акварелите на Елизабета Костова, која ќе одржи во 20 часот.


Со градските импресии на Елизабета Костова, ќе бидат прикажани триесетина акварели насликани во последните две години. Секоја слика претставува нејзини импресии и впечатоци од градовите кои ги посетила, престојувала или живеела. Но, забележително е како нејзините акварели не се само реални претставувања на градски сцени, туку се и емоционални прегледи на минатото и размислувања за иднината.


Елизабета Костова, инаку психолог по професија, но сликар по срце, ги претстави своите уметнички дела на триесетина акварели, создадени во последните две години. На оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат нејзините импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела.

Од тесни улички и ниски куќи до погледите кон просторното сино небо, секој  акварел на Елизабета Костова претставува уникатен преглед на градскиот пејзаж. Нејзините дела, со своите бои и форми, не само што го зачувуваат духот на минатите времиња, туку и ги поттикнуваат размислувањата за иднината на нашите градови.


Елизабета целиот свој работен век го поминала и работела како психолог. Но таа отсекогаш била голем вљубеник во уметноста, а особено во сликарството. Таа во себе носи и голем креативен потенцијал, кој избива и е видлив, на почетокот со изработката на различни предмети од применетата уметност. Но нејзината љубов кон сликарството сепак преовладува и нејзината уметничка дарба и креативност доаѓа до полн израз кога решава да почне да слика акварел. Aкварелот е нејзината понатамошна преопукација и уметнички израз.
Акварелот е една од најстарите сликарски техники. Со техниката акварел сликите се прозирни, се гледа подлогата на која се насликани. Белите полиња од подлогата кои се појавуваат меѓу боите секогаш даваат впечаток на прозирност. Со оваа техника сликале меѓу другите и многу од познатите импресионисти.
Акварелот како сликарска техника со големата палета на бои Елизабета успешно го применува. Боите на нејзините акварели нежно преминуваат од една во друга боја од сина во виолетова, црвена, од зелена во сина, жолта. Со четките и боите слика се што ја опкружува, градини, цвеќиња, мртва природа, ликови на девојки, пејсажи, птици. На оваа изложба насловена „Градски импресии“ таа ни се преставува со триесетинаакварели н асликани последните две години, кои што преставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација и се старите македонски градови или делови од нив. Тесни улички, ниски куќи на приземје и кат, тесно збиени една до друга и со надвиснати еркери над улиците. Оџаци од кои се извива сивиот дим. Насликани се со прекрасни палети од бои, сина, зелена, лилава, жолта… црвени кровови и секако пространото сино небо над нив, кое се гледа и од уличките. И овде белите полиња на подлогата помеѓу топлите бои даваат посебна светлина. Од овие акварели зрачи и светлина и радост.
Можеби оваа тема која ја слика Елизабета преставува носталгија за старите делови од градовите како што ги паметиме, а во едно од тие маала Елизабета го поминала детството и младоста, Дебар Маало во Скопје. Можеби ова е и жал и носталгија за старите градски маала кои полека исчезнуваат и ги заменуваат модерни делови од градот со висококатници, асфалтирани улици, многу возила, темни и мрачни, сонцето одвај допира до улицата. А небото и не се гледа од улицата. Овие акварели се и носталгија за минатото кое одминува, а доаѓа сегашноста и иднината, некое ново време со друга слика на градовите.

Натка Ќосева, дипл.инж.арх.



Eлизабета Костова е родена 1953 година во Скопје. Основно и средно образование


завршила во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот Факултет во Љубљана, отсек


психологија. Реализирала повеќе самостојни изложби во Дом на АРМ, Скопје (1989 и 1991 г.), Галерија на ДЛУМ, Скопје (2002 г.), во Домот на култура Иван Мазов – Климе, Кавадарци (2020 г.), како и во Галерија КО-РА, Скопје (2019, 2020 и 2023 г.) Исто така учествувала на и на повеќе групни изложби.



Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page