top of page
12.4.24 г., 21:00
JaZzyКлуб, Џез за чудаци, концерт
Vasil Gjorgov 20, Skopje, North Macedonia
Дечки... сме биле овде веќе. JazZy. Чудаци. Стандардна текст како Бетмен повикот... Ако сте долеспоменатите чудаци не ви треба нешто многу повеќе.
12-ти април. 21 часот. Џез. Чудаци. Филип. Дориан. Пролет. Џези.

Музика за тие што пред влез оставаат храна за локалните мачки и тргнуваат во темелна потрага после секое известување за загубено милениче што ќе го забележат залепено на бандера или на поштенско сандаче; се однесуваат како побеснети ракуни секогаш кога ќе чујат милозвучна, логична и школски функционална хармонија и доволно добро ја познаваат етимологијата на терминот 𝙅𝙖𝙯𝙯 за да бидат ужаснати од помислата за институционализиран ејакулат; не поседуваат условен рефлекс кој ги тера да се лигават кога ќе го чујат ѕвончето од министерство за култура и највкусно им е кога теглите зимница во подрум ги обвиткуваат со страниците од популарните книги за самопомош; идеалниот психо-физички баланс го постигнуваат преку умешноста за носење на папуча на боса нога и омилена активност за разбибрига им е да го замислуваат Аца Лукас како врвен концертен пијанист; никогаш со светлата не им сигнализираат на возачите во спротивниот правец дека зад кривината чека полициско возило и секогаш, ама баш секогаш, во маркет ја враќаат кошничката на место за да може да ја користи некој друг...
Филип Букршлиев — гитара
Дориан Јовановиќ — стик, бас, ут
bottom of page

