top of page

17.2.24, во 19:30

ПМГ, Поп култура фестивал, Силата еу младите, лабораториум

Laboratorium, Bulevar Kliment Ohridski, Skopje, North Macedonia

Поп култура е настан кој е дел од платформата Sila Eu Mladite. Тоа е покана за секојдневно активирање, ангажирање и учество на младите во современиот свет. Поп-културата е изјава дека речиси сите форми на уметност се обединуваат, а оваа можност дава платформа за младите да ги изразат своите идеи, текови и апели.



Оваа година, за да апелираме на младешката енергија и креативност се обраќаме на кремот на актуелната македонска поп-хоп генерација, во која членуваат Јанг Дади, Зи, Матеј Фолц, Вански и Димчуга. Но, тоа не е се, ќе има специјална покана и ексклузивен настап на прекрасната Млада Беба, директно од Србија.



Ова се само мал дел од оние кои со задоволство ги гледаме на претстојниот фестивал. Настанот ќе се одржи на 17 февруари, во лабораторијата ЕКЦ. Билетите се веќе пуштени во продажба во Лабораториум или онлајн за само 200 денари.

Но, Поп култура не застанува тука. Ќе ги надмине физичките бариери и наскоро ќе биде дистрибуиран како винил! Ова е вистинска вест за сите љубители на ретро музички формати.

Се надеваме дека го споделуваме ентузијазмот за оваа иницијатива, која на нашите млади ќе им даде простор да го изразат својот креативен дух како никогаш досега. Се гледаме на 17 февруари во Лабораторија. 


„ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ МАЛДИТЕ.
ПОП КУЛТУРА е фестивал на современата македонска Поп музика, која произлезе од Хип - Хоп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина. А нашата младина е модерна. И убава. И паметна. Тоа јасно ќе го демонстрираме во сабота на 17 фебруар, во ЕКЦ Лабораториум. Настап на кремот на актуелната домашна ПОП ХОП генерација:
Young Dadi
Zee
Matej Foltz
Vanski
Dimchuga
++ специјалната гостинка од Србија, прекрасната Mlada Beba.

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page