top of page

21.3.24, во 20:00

концерт, Сервус, Јавна соба

Јавна соба, 50-та Дивизија, Скопје, North Macedonia

Љубителите на иновативната музика ќе имаат уникатна можност да уживаат во едно музичко патување наречено "СЕРВУС", најновиот проект на познатиот македонски музичар Јордан Костов, кој ќе се одржи на 21 март во амбиентот на Public Room во Скопје.



Во овој проект, Јордан Костов, познат по својот маестрален начин на свирење хармоника ќе ги спои своите сили со исклучителните музичари:


- Ива Дамјановски, која ќе ги оживее клавијатурите, тереминот и својот ангелски вокал


- Ник Де Карло, чијашто туба и алтфлигерхорн ќе додадат богат мелодиски слој на секоја композиција


- Кети Танчева, која со својот теремин ќе придонесе кон соничната уникатност на проектот


- Драган Теодосиев, чиишто ритмични тапани ќе го одржуваат пулсот на музиката.


Се гледаме на 21 март во поткровјето на Public Room!


bottom of page