top of page

8.3.24, во 20:00

силата ЕУ младите, артан лили, занаду, концерт, МКЦ

МКЦ, Dimitar Vlahov Walk, Skopje, North Macedonia

Во Младинскиот Културен Центар на 8 март 2024 година не́́ очекува одличен музички настан, дотолку подобар поради изборот на бендови кои ќе ја делат вечерта.


 Ни пристигнуваат два бендови со сосема посебен автентичен звук - Artan Lili од Белград и Zanadu од Скопје, кои ќе го одржат разгорениот пламен на духот на музичка сцена.



Artan Lili, четворката од Белград која се формираше во 2013 година, е позната по својата специфична нојз-поп естетика. По неколку промени во составот, бендот се стабилизира со препознатливата постава: Бојан Слачала (бас-гитара и вокал), Романа Слачала (вокал и дајре), Марко Ајковиќ(тапани) и Драган Кнежевиќ (гитара). Тие се истакнуваат со нивниот иновативен пристап кон музиката и издавањето на албуми, објавувајќи ги песните една по една преку платформата Bandcamp, создавајќи со тоа еден свеж и современ модел на издаваштво. Визуелниот идентитет и аудиовизуелните содржини се уште еден сегмент кој го дефинира нивниот уметнички израз, засилувајќи го впечатокот со успешни музички спотови.




Од друга страна, Zanadu е млад бенд од Скопје кој ги прекршува музичките бариери, инсистирајќи на слободата на изразување и емоционалната искреност. Формирани во 2021 година и инспирирани од желбата за музичко истражување, го имаат својот деби со синглот "Навика" и деби албумот "Соништа". Иако се млади на сцената, Zanadu веднаш стекнаа внимание со својата храброст и разноликост во жанровите, што најдобро се воочува на нивните настапи, каде што се воспоставува исклучителна конекција со публиката.




Концертот на 8 март во МКЦ без сомнение ќе биде место каде што љубителите на музичката уметност ќе можат да доживеат  синтеза на музички светови. Публиката ќе има можност да ужива во иновативните звуци на Artan Lili и младешката енергија на Zanadu, кои заедно ќе ја создадат магијата на еден незаборавен настан. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа вечер за паметење - земете го вашиот билет на време и придружете ни се во славењето на културата и уметноста.



bottom of page