top of page

26.1.24 г., во 19:00

силата ЕУ младите, Црно собрание, промотивен концерт, лабораториум

Boulevard Saint Clement of Ohrid 68, Skopje, Republic of Macedonia

Скопје, 26.01.2024 - Во среда, на 26. јануари, платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ започнува своите активности со премиерен настан во Лабораториум, а главната атракција ќе биде концертот на младинскиот бенд "Црно собрание".

ree

Овој настан претставува почеток на поддршка и промовирање на квалитетни младински иницијативи во Македонија.

Бендот "Црно собрание" произлегува од скопската гимназија „Никола Карев“ и е резултат на проектната активност за училишни бендови, водена од Емилија Ристановска.




Со впечатлив прв настап на средношколскиот фестивал „три дена култура“ во гимназијата Карев во 2022 година, бендот стана познат во круговите на младинската култура.

Освен концертите во Македонија, "Црно собрание" ги обележа историските моменти на резиденцијата на Претседателот, на Денот на Европа и Денот на македонскиот јазик, што ги внесе во елитниот круг на младински бендови во земјата.

Нивниот настап во Белград, на регионалната смотра „БГ Инвазија“ во 2023 година, докажа дека се издигнуваат и надвор од границите на Македонија.



Бендот, иако жанровски недефиниран, се опишува најдобро како "алтернативен рок", со широк обем на различни стилови. Името "Црно собрание" носи со себе субјективно значење, оспорувајќи ги зададените норми и креирајќи свој идентитет во музичката сцена.



СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, како платформа, не само што ги препознава талентираниот потенцијал на бендови како "Црно собрание", туку и ги обединува и поддржува во нивните напори да го обогатат младинскиот културен пејзаж во Македонија. Оваа иницијатива ќе служи како одлична пролет за СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, и иницирањето на динамична и креативна соработка во годините што следуваат. 🎵🎉



Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page