top of page

16.1.24 г., во 20:00

Строг пост, концертна промоција, Котур

Котур кафе и филм, Nikola Vapcarov, Skopje, North Macedonia

На 16 јануари 2024 година, во Котур, вторникот ќе проговори со звуците на триото Строг пост, на нивната концертна промоција на својот деби албум.


ree

Строг пост е трио составено од Филип Букршлиев (гитара/синтисајзер), Дени Омерагиќ (бас гитара) и Кристијан Новковски (тапани), кои не се чувствуваат сосема свои организирани и спакувани во традиционалните жанрови и стилови кои можат да делуваат ограничувачки.


Создаваат музика која осцилира на честопати невидливите граници помеѓу ионака провизорните жанрови стонер рок, психоделичен рок, дум метал, пост рок, панк џез, амбиент исл., сите филтрирани низ внимателно изработено, експериментално сито и решето. Музиката е набиена со брутални и заразни рифови, стегнати во ритам секција која би наликувала на менгеме, кога би сакале визуелно да си ја претставиме.“

Албумот го сними, но и измикса Ивица Јанкуловски во студиото „Алшар“, во Скопје, во периодот од март-јули 2023 година. Сите песни се компонирани и продуцирани од триото Букршлиев, Омерагиќ и Новковски, додека дизајнот на омотот е дело на Кристијан Новковски. Во соработка со Аксиома, ова е првото музичко издание за оваа културна асоцијација.


Покрај ангажманот во Строг Пост, членовите на бендот се активни и во други музички проекти. Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски свират и во Светлост, Taxi Consilium, Fighting Windmills, The Local Blue, групите на Јордан Костов, Филип Букршлиев трио, Palindrom и многу други.



Строг Пост е вистинска свежина (или бидејќи пишуваме во јануари: топол чај кој ги раздвижува креативните сокови) на музичката сцена, со својот уникатен звук и пристап до музиката.


Нивниот деби албум е доказ дека музичката сцена во Македонија и понатаму е жива и динамична, и дека има место за нови идеи и експерименти.

АКСИОМА, издавачот на албумот, е асоцијација за културна соработка и истражување, која организира интердисциплинарни и мултиуметнички настани и проекти, издава книги од областите на современата естетика, ремикс културата, критичките теории и повеќе. Оваа организација е важен дел од културната сцена во Македонија, која ги поддржува и промовира новите идеи и таленти.


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page