top of page
19.4.24 г., во 16:00
Ѕвездан Георгиевски, книжевна средба, Саем на книгата, Сала Борис Трајковски
Сала Борис Трајковски, Skopje, North Macedonia
Во склоп на Саемот на книгата, на 19-ти април, новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски ќе има промотивна книжевна средба со своите читатели па и обожаватели каде ќе имаат можност да добијат посвета, селфи, муабетче и - книга.
Ви се нуди единствена можност да направите селфи со оваа неверојатна книга. А богами и со мене (иако тоа не е задолжително). Утре, петок, 19 април, од 18 часот гувеам на штандот на „Бегемот“ на Саемот на книгата (сала „Борис Трајковски“). Ако во некој момент видите закачена порака со мој потпис на која пишува: „Не се враќам за пет минути“, немојте веднаш да поверувате. Јас сум сепак некаков новинар. Сум отишол да испушам цигара или да си купам пиво. Во секој случај се надевам дека ќе ве видам. И дека ќе ја разграбате книгата. И потоа бескрајно ќе ме фалите. Ако не ви се свиди, може и да премолчите. Се гледаме.

bottom of page

