30.3.24, во 16:00
Кафе-книжарница Илика, книжевен кружок, Ани Ерно, Девојчински спомени
Булевар Партизански Одреди 7, Skopje, North Macedonia
Скопје — Издавачката куќа „Илика“ со задоволство најавува книжевна средба на својот кружок на 30ти март, каде ќе биде во фокусот првиот македонски превод на делото „Девојчински спомени“ од француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература, Ани Ерно
.Романот „Девојчински спомени“ е интроспективно патување во минатото на Ерно, каде таа се враќа 50 години наназад, за да истражи трауматичен настан од својата младост. "Во центарот на оваа книга се наоѓа еден трауматичен настан, чие значење авторката се обидува да го открие многу години подоцна," објаснува описот на книгата.
Ерно, родена во 1940 година во Франција, е позната по своите дела кои ги истражуваат социјалните и личните аспекти на нејзиниот живот. Нејзините книги често се карактеризираат со остра самоанализа и критички осврт кон француското општество.
Нејзината уметност е револуционерна во својата способност да го преточи личното во универзално, истовремено поставувајќи го приватното искуство во контекст на поголемите социјални и историски текови.Љубителите на книжевноста се поканети да се приклучат на средбата, да разменат мислења и да ги споделат своите впечатоци за ова дело.
Книгата е достапна во книжарницата на „Илика“, а заинтересираните да присуствуваат се охрабруваат да испратат порака на мејл или преку социјалните медиуми на издавачката куќа.