top of page

15.2.24, во 19:00

Салон 19:19, документарниот диптих „Неврзаните“, Филмски герили, Мила Турајлиќ

Културно информативен центар (КИЦ), Mirche Acev, Skopje, North Macedonia

Со големо задоволство ви најавуваме интригантен филмски настан за ентузијастите на историјата - проекцијата на документарниот диптих  „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ.


Овие два долгометражни филмови ќе бидат прикажани во Салон 19:19 во Културно информативниот центар - Скопје, на 15.2.2024 година, со почеток во 20 часот.



Диптихот ќе не́ носи на архивски роуд-трип низ раѓањето на проектот „Трет свет“ односно Неврзаните, на кои СФРЈ беше членка, откривајќи невидени 35 мм материјали снимени од Стеван Лабудовиќ, снимателот на југословенскиот претседател Тито. Првиот филм е посветен на појавата на Движењето на неврзаните и на Самитот што се одржа во Белград во 1961 година, додека вториот филм е возбудливо патување во архивските материјали снимени од Лабудовиќ во текот на Алжирската војна за независност.



Овие филмови не само што се документарна репортажа за една историска епоха, туку исто така проследуваат како еден глобален проект на политичка еманципација бил конструиран низ филмската слика.



По успешната премиера на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Амстердам - IDFA и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF), диптихот сега ќе биде прикажан и во Скопје (по втор пат откако беше прикажан на Македокс).


Режисери: Mila Turajlić

Сценарио: Mila Turajlić

Камера: Mila Turajlić

Монтажа: Sylvie Gadmer, Mila Turajlić, Céline Ducreux

Звук: Aleksandar Protić

Музика: Jonathan Morali

Продукција: POPPY PICTURES, SURVIVANCE

Копродукција: RESTART, KINO


Влезот е слободен и сите се добредојдени.



Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page