top of page

AKTO Фестивал, Каков град?, креативна експедиција

14.11.24 г., во 18:00

Откријте како архитектите, уметниците и младите градители го замислуваат идниот град на тродневниот настан во Железничката зграда

ree

Скопје, 28.04.2024 - Градските простори добиваат ново лице и нова функција оваа недела за време на манифестацијата "Каков град?". Помеѓу градбите и улиците на историското јадро на градот, железничка зграда на ул. Борка Талевски преобразена е во епицентар на културни интервенции, понудувајќи визија за иднината на урбаната средина.

Организиран под менторство на Филип Јовановски, едукативната платформа „Градот како сцена“ се издигнува над стандарните и очекувани параметри на архитектурата и визуелните уметности, претставувајќи еден амбициозен обид да се откријат новите можности за користење и вреднување на јавните простори во градот.

Во срцето на настанот се просторните интервенции и перформанси разработени од студенти и млади професионалци - Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, и други, кои се обидоа да го идентификуваат одговорот на прашањето "Каков град (ни треба)?" кроз еден едукативен процес на разбирање и реимагинација на градскиот идентитет.

Уметничката програма започна со "Каков град?", една просторна интервенција што истражува различни аспекти на урбаната животна средина, и продолжи со перформансот "(Де)конструкција на машкоста" од Крсто Глигоријадис, кој публиката ја одведе на едно емотивно и интроспективно патување преку тежината на традиционалните улоги.

Еден од најинтригантните делови на програмата беше "Соларна кујна", уметнички проект од Никола Узуновски, кој не само што изложи својата визија за одржливост и екологија, туку и практично го демонстрираше начинот на кој уметноста и технологијата можат да работат заедно за креирање на функционални, еколошки чисти решенија за секојдневниот живот.

Завршниот сегмент, „Каков град сакамееееееее - ИНДОГ“, го претстави Горан Костовски во својство на ДЈ, кој на својствен начин ја понуди својата визија за градот со својата музика и илустрации, претставувајќи како уметноста и културата можат да генерираат дискусии и идеи за иднината на урбаните простори.

"Каков град?" покажува дека иако се соочуваме со многу предизвици во модерниот урбанизам, преку иновативни уметнички интервенции и креативни решенија, можеме да најдеме нови начини за повторно осмислување и активирање на нашите јавни простори. Настанот, поддржан од Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, е вистински пример за тоа како уметноста и архитектурата можат да дејствуваат како мотори на социјална промена и развој, стимулирајќи ги граѓаните да размислуваат и да учествуваат во текот и иднината на своите градови.



28.04.2024 - Железничка зграда, ул. Борка Талевски 26, Скопје

- 12:00 - 12:30 часот – Чин 1: Каков град?

Просторна перформативна интервенција која истражува различни визии за иднината на градската средина и како таа може позитивно да влијае на животите на нејзините жители. Развиена под менторство на Филип Јовановски во соработка со талентирани студенти и млади архитекти.

- 12:30 - 13:00 часот – Чин 2: Каков (градски) човек?

Перформанс на Крсто Глигорјадис, "(Де)конструкција на машкоста", кој што преку уметничка експресија поставува прашања за улогата на машкоста во современото градско општество и колективните предизвици со кои се соочува.

- 13:00 - 15:00 часот – Чин 3: Каков ГРАД НА КУЛТУРА?

Соларна кујна на Никола Узуновски, креативна интервенција која претставува пример за одржливи решенија и иновации во градската култура. Потоа, "Каков град сакамееееееее" - винил ДЈ сет од Горан Костовски - Индог, го слика урбанистичкиот пејзаж преку музички вибрации и креативни ефекти.

Овој настан ја покрева важноста на интеракцијата меѓу уметноста, културата и архитектурата во моделирањето на нашите животни простори, задавајќи длабоки прашања за идентитетот и приоритетите на градот утре. Ви обеќаваме дека ќе останете обогатени и инспирирани да ја видите урбаната реалност преку нови очи.



Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page