Гласот на безгласните: Протест против животинско насилство во Тетово | https://www.diva.mk/news/ гласот-на-безгласните%3A-протест-против-животинско-насилство-во-тетово
top of page

протест, права на животни

26.4.24, во 18:00


Тетово, 28 март, 2024 – Во саботата на 30-ти март, активисти и љубители на животни ќе се соберат пред зградата во Тетово каде куче беше безмилосно фрлено од седмиот спрат.


Овој акт на животинско насилство го потресе македонското општество и предизвика гнев и барање за правда меѓу граѓаните.Протестот, наречен "Гласот на безгласните," беше организиран од локални зоштитници на животни и НВО-та кои бараат строги законски мерки и подобро применување на постојните закони против животинско насилство.


Тие велат дека ова не е изолиран случај и дека бездомните животни често стануваат жртви на суровост.„Не можеме повеќе да бидеме тивки сведоци на оваа животинска бруталност,“ изјави Елена Петровска, активистка и една од организаторите на протестот. „Нашиот закон е јасен, но сè уште имаме многу работа во образованието на нашето општество за правата и благосостојбата на животните.“


Случајот со фрлањето на кучето од зградата ја издигна свесноста за потребата од емпатија кон сите форми на живот и за значењето на одговорното однесување кон животните и околината. Емпатијата кон животните е индикатор за цивилизираноста на едно општество и говори многу за тоа како луѓето взаемодејствуваат меѓу себе.

„Начинот на кој третираме најранливите меѓу нас, вклучувајќи ги и животните, отсликува нашата хуманост,“ објасни Психологот Игор Николовски. „Емпатијата кон животните промовира сочувство и ненасилство кои се клучни за подигнување на општествената свест и создавање похуман свет за сите.“


Активистите бараат да се земат повеќе мерки за заштита на животните, вклучувајќи и подобрено прифаќање и надгледување на веќе постоечките закони, како и воведување на образовни програми за грижа за животните во училиштата.Организаторите на протестот најавија дека ќе продолжат со своите активности сè додека не видат конкретни промени во законодавството и во општествената свесност. Тие велат дека овој случај  е само врвот на ледената санта, и дека се борат за свет каде животните ќе бидат заштитени од секакви форми на злоупотреба и насилство.


Полицијата вели дека продолжува со истрагата за случајот со фрленото куче, а јавноста останува вознемирена. Она што е јасно е дека овој инцидент МОРА да предизвика сериозен разговор за правата на животните и потребата од култура на емпатија и заштита во македонското општество.




bottom of page