top of page

Ване Костуранов, изложба, Метаноја

„Куќичките, дрвјата, патеките, Сонцето и Месечината на Костуранов се уметничка поезија“, вели д-р Коста Милков за изложбата.

Во вторник, 28 ноември 2023 година, во Метаноја галерија - Metanoja Gallery, Скопје, ќе се одржи отворањето на новата самостојна изложба на Ване Костуранов, еден од најпознатите но и најсаканите современи македонски уметници.
Изложбата носи наслов „Таен премин кон месечината“.


„Куќичките, дрвјата, патеките, Сонцето и Месечината на Костуранов се уметничка поезија“, вели д-р Коста Милков за изложбата.
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“  м-р Нада Милкова и авторот на делата Ване Костуранов.

Ване Костуранов во својата покана за изложбата напиша: „ Драги пријатели, повелете на отворањето на мојата нова самостојна изложба насловена „Таен премин кон месечината“. Отворањето е во вторник, 28 ноември 2023 година, 18:00 часот во Метаноја галерија - Metanoja Gallery, Скопје.
Срдечно сте добредојдени!“
Изложбата ќе биде отворена за посетители и во текот на декември и јануари.
bottom of page