top of page

Мачката Елеонора, перформанс, Tiiiiit! Inc.

1.7.24, во 17:30

Втората изведба на перформансот "Мачката Елеонора" во вторник(28.11), кој се развива во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. - ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0.


Во случај да се обидувате да си го објасните насловот "Мачката Елеонора", еве еден детал за најава: не е само обичен перформанс, туку трансформација која ги отвора можностите на феминситичките иднини.



Детали за настанот:


Позади "Мачката Елеонора" стои монодрамата на германската авторка Карен Јес, а во изведбата се преплетуваат текстови од колективот и авторски текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Коавторки и изведувачки на овој уметнички подвиг се Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска.


Што може да очекувате од "Мачката Елеонора"?


Перформансот ќе ве води низ трансформацијата на жената мачка Елеонора Гарацо ќе ги истражува амбивалентните аспекти на сопствената самоопределба. Процесот на трансформација од човек во мачка ќе биде воден од принципот на сплотени контрадикции, што го прави уникатен и интересен.


За колективот и платформата: Колективот зад "Мачката Елеонора" го составуваат креативни и интердисциплинарни уметници кои претставуваат комбинација од изведувачки и визуелни уметници. Со фокус на комуникацијата меѓу различни дисциплини, тие истражуваат можностите за трансфер на идеи и методи меѓу нив. Колективот не се ограничува само на уметноста, туку истражува актуелни феминистички и родови прашања и политики, претставувајќи го просторот за вонинституционално креативно изразување.


Поддршка и забелешки: Овој проект е дел од програмата на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0, курирана од Кристина Леловац.


Програмата е организирана во соработка со програмата Култренинг на ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи за уметност и култура и Меѓунардниот театарски фестивал МОТ.


Доколку сте заинтересирани за феминистичка уметност и сакате да го искусите перформансот "Мачката Елеонора", не заборавајте да ја направите претходната резервација на tiiiit.inc@gmail.com.


Активности на Платформата во 2023 година: Сакаме исто така да ги истакнеме поддршките на The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на Република Северна Македонија, без кои овој проект немаше да биде можен.

🐈✨

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page