top of page

Иван Аџиевски, изложба, КСП Центар-Јадро, артивизам

Мултимедијалната концептуална изложба претставува обид да се критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем преку ликовната уметност.

На 9-ти декември 2023 година, сабота, со почеток во 19:00 часот, Културно-социјалниот простор Центар-ЈАДРО во Скопје ќе го претстави самостојниот творечки напор на Иван Аџиевски, изложбата „Форми на системот“.



Мултимедијалната концептуална изложба претставува обид да се критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем преку ликовната уметност, инсталации, скулптура и видеопроекции. Авторот праќа порака за надминување на корупцијата, која се перципира како најголемо општествено зло и закана за правната држава.

Во изложбата, корупцијата се гледа не само како морално штетна, туку и како причина за нефункционирање на институциите и сериозен економски и политички проблем. Аџиевски го користи своето уметничко изразување за охрабрување на граѓанска акција против корупцијата.

Изложбата овозможува на уметниците, активистите и новинарите креативно да се вклучат во антикорупциските прашања, создавајќи меѓусекторски релации и го подобрувајќи разбирањето за улогата на креативната акција во влијание на перцепцијата на јавноста за корупцијата.

Целта на проектот е поттикнување на јавниот дијалог за надминување на корупцијата и неправичноста на правниот систем, стимулирајќи свест за овој проблем како пречка за евроинтеграција.

Изложбата вклучува уметнички слики изработени во различни формати, алуминиумски и бакарни плочи со принтани цитати од актуелното позитивно право, како и скулптура која симболизира неправичниот корумпиран судски систем. Инсталации со пораки на активисти против корупцијата и видеопроекции заокружуваат авторската изложба.


Иван Аџиевски: Од правник до уметник на креативниот Фронт


Скопскиот уметник и бивш правник, Иван Аџиевски, ќе го претстави својот последен творечки напор во вид на самостојна изложба наречена „Форми на системот“. Роден во 1985 година, Аџиевски заврши правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2009 година, но неодоливата потреба за самоизраз во уметноста го наведе на сликарската сцена во 2018 година.


Со својата последна изложба, „Форми на системот“, Аџиевски создава мултимедијално уметничко искуство кое преку сликарство, инсталации, скулптури и видеопроекции обидува се да ја илustrира и критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем. Неговата уметност не само што ја прикажува корупцијата како општествено зло, туку и поттикнува граѓанска акција и дијалог за надминување на овој сериозен економски и политички проблем.


Од своите први изложби, како „Beauty Spot“ и „Beauty Spot II“, до најновата концептуална изложба, Аџиевски ги претставува различните аспекти на својата уметничка личност. „Форми на системот“ не само што го илустрира креативниот потенцијал на уметноста, туку и го вклучува граѓанскиот ангажман и свеста за проблемите во друштвото.

.

Отворањето на изложбата „Форми на системот“ е закажано на 9 декември, Светскиот ден за борба против корупцијата, во КСП Центар-ЈАДРО. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, дел од „Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година“.


bottom of page