Изложбата оди во Куманово: Мартина Спасовска ги преминува границите на визуелното преку „Гласна тишина“ | https://www.diva.mk/news/изложбата-оди-во-куманово%3A-мартина-спасовска-ги-преминува-границите-на-визуелното-преку-„гласна-тишина“
top of page

Мартина Спасовска, Гласна тишина, изложба

26.4.24, во 18:00

Во Куманово се отвора изложбата „Гласна тишина“ на визуелната уметница Мартина Спасовска.

Куманово, 18 април 2024 г. - Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, се отвора изложбата „Гласна тишина“ на визуелната уметница Мартина Спасовска. 

Со својот изразит стил и емотивен пристап кон сликарството, Спасовска продолжува да ја обележува на значаен начин македонската уметничка сцена и поставува нови стандарди за современото уметничко творештво.



Своето образование во сликарството го завршила на Факултетот за ликовни уметности во 2023 година, и покрај својата младост, веќе има бележита присутност на меѓународната уметничка сцена со изложби во Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција.



„Гласна тишина“ ги претставува делата на Спасовска преку кои таа истражува ги темите на идентитетот, ранливоста, и трансформацијата на човечкото битие. Таа го користи сопственото тело и слики на други жени како канал за емоционално изразување, следејќи ги границите на класичниот портрет.



Горанчо Ѓорѓиевски, историчар на уметност, за Спасовска забележува: „...делата на Мартина се ослободени од своите физички граници и изведени со силна експресија, претставувајќи реалноста претворена во нова онтолошка метареалност.“



Кураторот на изложбата изрази возбуда за настанот, нагласувајќи дека „Гласна тишина“ не е само уметничка изложба, туку и покана за длабоко размислување за нашето постоење, како и за можните путишта кон посветла иднина.




Изложбата ќе биде отворена со почеток во 20 часот на 18 април 2024 година и ќе остане достапна за посетители до 10 мај 2024 година. Љубителите на уметноста се поканети да станат дел од ова уникатно искуство и да се сретнат со уметницата, која ќе биде присутна на отворањето на изложбата.



За повеќе информации, контактирајте со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ или следете ги нивните социјални медиуми за најнови вести и настани.

bottom of page