top of page

Тома Димовски, изложба, Музеј на Македонија

27.9.24, во 08:00

Отворање на "Кодирање": Кога уметноста се среќава со дигиталната трансформација

Се запрашувате што се случува со магијата на гледањето на уметнички дела во живо, кога секој може да ги види преку кодови и вештачка интелигенција?

Дали дигитализацијата го банализира уметничкото изразување или пак овозможува да биде подостапно за сите?

На 16-ти декември во сабота отворањето на изложбата "Кодирање" на Тома Димовски, со почеток во 13 часот, во Музејот на Македонија, ќе имате можност да го истражите светот на уметноста преку призмата на кодовите и дигиталната трансформација.


Овој настан нуди уникатна можност за размислување за влијанието на технологијата врз уметничкото изразување. Дали дигитализацијата донесува нови перспективи или пак ги поматува границите помеѓу реалноста и виртуелниот свет? Како уметникот Тома Димовски го представува своето дело во светот на кодовите, а како ќе го искусите вие, посетителите на изложбата?


Во кураторскиот текст на Велимир Жерновски? Ќе ви го објавиме дел од текстот, за да го најдеме ставот на уметникот и значењето што го пренесува неговото дело.


Да се зборува за Тома...
Не случајно самиот наслов на овој текст наликува на почеток. На почеток на некоја промисла, некое писание кое треба да одгатне некаква вистина, некакво чувство за некого. За некој друг, за некој во трето лице, за некого кого би го познавал, кој би го коментирал, кој би го опеал или толкувал во кураторски текст. Текст кој би се обраќал на колегата, на уметникот кој претставува свое дело пред јавноста.
Ова во никој случај не е таков текст. Ова по ниту едни стандарди не би посакал да биде таков текст. Невозможно е да се ставам во рамка од кој било аспект пишувајќи ги овие зборови, а да размислувам за Тома.

Ова е настан што ги повикува сите љубители на уметноста, технологијата и филозофијата, кој го поддржува Министерството за култура на РС Македонија, во рамки на конкурсот за проекти од национален интерес во визуелната дејност. Се гледаме на изложбата! 🎨💻



bottom of page