14.11.24, во 18:00
Ќе биде промовиран "Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура. “
Оваа сабота, Лаб Кафе ќе биде домаќин на промоцијата на 45-то по ред издание на дискографската куќа ПМГЏез, албумот
Албумот е снимен целосно во живо во Аудиокултура, интимен концертен простор во Скопје, и е резултат на седум концерти организирани од ПМГЏЕз во соработка со извонредните домаќини. Ова е вториот македонски албум во живо после четири децении - откако го слушнавме "Акустична Траума" на Леб и Сол од 1982 година.
Во саботната вечер, посетителите ќе имаат можност да уживаат во живата изведба на извонредниот џез бенд Светлост, вистинска перјаница на ПМГЏез. Светлост ќе настапат со нов материјал и во својот базичен трио формат, што ќе допринесе за уште поголем впечаток на настанот.
Освен прекрасната музика, посетителите ќе имаат можност да купат плочи по промотивни цени.
Мирко Попов објаснува:
Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура е 45то по ред издание на дискографската куќа ПМГЏез. Се работи за албум снимен целосно во живо, во најдобриот скопски интимен концертен простор, Аудиокултура. Седум концерти, курирани од ПМГЏЕз, организирани во соработка со извонредните домаќини, кои дадоа неверојатно квалитетен материјал, од кој произлезе овој единствен жив македонски жив албум, по “Акустична Траума“ на Леб и Сол од 1982. За реализација на ова извонредно парче винил, од големо значење беше продлабоченото разбирање на софистицираната култура на господата од Божиновски (часовници и накит), кои беа третиот партнер во реализацијата на овој проект.
Современа квалитетна македонска музика има многу, но мал дел од неа се наоѓа на винил. Вљубениците во квалитетниот звук добро разбираат што ова значи. Напорите на ПМГЏез се секогаш во правец на подигање на квалитетот на понудата, а ова парче винил ги има сите атрибути на актуелниот македонски соничен, но и модерен културен идентитет. Неочекувана музичка комбинација, спој на навидум неспоиви практики и артисти, вистинска награда за пребирливите слушатели. Плоча која едноставно мора да ја имате. Проблемот е што има многу малку копии. Затоа побрзајте да ја набавите на оваа промоција, со оглед на тоа дека не можеме да гарантираме дека ќе биде достапна понатаму.
Оваа саботна вечер во Лаб Кафе, освен прекрасна музика и плочи по промотивна цена, ќе можете да уживате и во настапот во живо на извонредниот џез бенд СВЕТЛОСТ, вистинска перјаница на дискографската куќа ПМГЏез. Светлост ќе се претстават со нов материјал, а ќе настапат во нивниот базичен трио формат.
Звучи одлично, ќе се сложите. Повелете во Лаб Кафе - во живо звучи уште боље...