Претставата „Сликата на Кастел“ доаѓа следната недела во Оро радио галерија и бар | https://www.diva.mk/news/претставата-„сликата-на-кастел“-доаѓа-следната-недела-во-оро-радио-галерија-и-бар
top of page

Сликата на Кастел, претстава, Оро радио галерија и бар

26.4.24, во 18:00

Воочување на човековата душа

Скопје – Во атмосферата на исклучително интимниот простор (просторство!) на Оро Радио Галерија и Бар, публиката ќе има можност да стане дел од едно уникатно театарско искуство. „Сликата на Кастел“, адаптација на класичниот роман „Тунел“ од аргентинскиот писател Ернесто Сабато, ќе биде изведена на 11ти април, со реприза на 13ти април, и има потенцијал да биде еден од најинтригантните театарски настани на сезоната.


Ернесто Сабато, еден од најпрестижните литературни фигури на 20 век, е аргентински писател чии дела се препознатливи по нивната интензивна психолошка анализа. Во „Тунел“, објавен во 1948 година, Сабато ги истражува лабиринтите на омразата, љубовта, уметничката опсесија и егзистенцијалната изолација преку својот протагонист Хуан Пабло Кастел, еден тешко разбирлив и комплексен лик.Адаптацијата за сцена е дело на режисерот кој успеал да пренесе острите контрасти на оригиналниот литературен дел.


Улогата на Кастел е препуштена на талентираниот Филип Трајаноски, Просторот е осмислен со минималистичка сценографија од страна на Тома Димовски и Ана Денковска, која исто така се грижи за светлото и звукот, креирајќи ја потребната атмосфера .

„Во една мала галерија, уметник се бори самиот со себе околу последната нишка на човечност во неговото тело. Во таа битка на совеста и паранојата, на доброто и злото, на чистата љубов и болната себичност, Кастел искрено се надева дека еден телефонски повик од неговата љубовница ќе го спаси, иако тоа е само замка која дополнително го фрла во лудило. Неговата совест, оживеана во омилената слика на Кастел, пробува да му го тргне превезот на самосожалување од очите, но секоја нова мисла на Кастел е препрека со која таа мора да се соочи. “ - Аница Бебиќ

Билетите се веќе во продажба по цена од 200 денари.

Дизајнот на плакатот  е дело на Славјан Стојанов.


За оние кои бараат нешто повеќе од конвенционален театар, „Сликата на Кастел“ нуди едно нуркање во најдлабоките слоеви на човечката психа. Тоа е прилика да се осветлат темните агли на умот и можеби да се откријат оние делови од себеси кои често остануваат скриени зад површината на секојдневието.

bottom of page