14.11.24, во 18:00
„Опако добра музика“
![](https://static.wixstatic.com/media/195fea_397db94dbbf348c48c0cb7dd702c1b1f~mv2.jpg/v1/fill/w_960,h_503,al_c,q_85,enc_auto/195fea_397db94dbbf348c48c0cb7dd702c1b1f~mv2.jpg)
Дали сте спремни за едно неверојатно патување низ светот на електронската dance музика? PMG Recordings, лидерот во македонската електронска dance сцена, ве поканува на една експлозивна ноќ полна со вибрации кои ќе ги растреперат вашите сетила.
:)
Со повеќе од 30 години искуство во креирањето на незаборавни моменти, PMG Recordings не го забавува темпотп.
Следната сабота во клубот Minus, тие ќе ви го претстават најновото поглавје во својата богата историја.
Мирко Попов и Виолета Качакова ќе ја отворат вечерта, две од најпознатите имиња во македонската електронска музика со нивната енергија и креативност.
Но, вечерта не би била целосна без ѕвездата на вечерта: Зоран Веселинов.
Тој е еден од најактивните домашни продуценти на електронска dance музика, со години искуство во издавањето на музика за реномирани домашни и странски музички издавачки куќи.
Воедно, вечерта ќе биде и промоција на неговиот деби албум "CyberBoy", кој е и 210то издание на PMG Recordings кој е секогаш отворен за креативна соработка со квалитетни домашни артисти, и ова е само уште една потврда за тоа.
Подгответе се за една долга топла ноќ полна со електронска музика .