top of page

забава, Киберпанк, техно, Јапан@мк

19.4.24, во 16:00

Организацијата Јапан@мк ја организира својата втора Киберпанк забава во ноќниот клуб Фортрес.

Скопје, Македонија - Организацијата Јапан@мк, позната по своите културни манифестации кои го поврзуваат Истокот и Западот, најави настан, журка, на 6-ти април 2024 година кога ќе ја организира својата втора Киберпанк забава во ноќниот клуб Фортрес.


Овој уникатен настан е организиран да се поклопи со периодот на цутењето на сакурата, кое симболично означува нов почеток и обновување.


Киберпанк е жанр на научна фантастика кој се фокусира на комбинација од напредна технологија и дистописки социјални услови. Често се карактеризира со прикази на бунтовни хакери, мрачни градски пејзажи и тематика на социјална алиенација.

Јапан@мк најавува втора по ред Киберпанк забава со започнувањето на сакура сезоната, овој пат во ноќен клуб Фортрес. Помрачна, подистописка и со повеќе музика за краток ескапизам од секојдневното киберпанк општество во кое живееме.
Најавувајќи го нашиот „Сакура фестивал“, кој повикува кон развивање на одржлив свет во хармонија со природата, правиме рефлексија на светот во кој живееме.

Киберпанк забавата ќе биде една ноќ полна со музика и естетика инспирирана од овој жанр, каде посетителите се охрабруваат да го истражат својот алтернативен идентитет.


Сакура фестивалот, пак, е настан кој го слави цутењето на јапонските цреши, познати како сакура. Овој фестивал е традиционален во Јапонија и е знак на убавина, пролет но и минливоста на животот, а Јапан@мк го користи овој симбол за да промовира идеи за одржливост и хармонија со природата.


techwear естетиката се охрабрува на журката на јапан мк

За музичкиот дел на вечерта се задолжени неколку уметници:


Од Берлин доаѓа @andreas_hz од @shelter.mvmnt, кој ќе ги пренесе најновите музички трендови, заедно со местаната музичка ѕвезда @petko.ov од @ovckolektiv и @koro.ozia, како и @filip.dodevski, популарно познат како Cake, претставник на weeb заедницата и член на @koro.ozia.


Посетителите се охрабруваат да дојдат облечени во techwear облека, да импровизираат со кибер атрибути и да донесат маски, овозможувајќи им да бидат дел од овој креативен израз на бунтот против обичноста.


Приходите од продажбата на влезниците ќе бидат искористени за поддршка на организацијата на „Сакура фестивал“, кој ќе се одржи на 1 јуни во Младинскиот културен центар.



Со цена од 200 денари пред 1:30 и 300 денари после, се очекува забавата да привлече голем број посетители ентузијасти.


Сите кои сакаат да бидат дел од оваа уникатна културна и музичка ноќ се поканети да дојдат во Клуб Фортрес @fortressclubandpub и да го испратат распадот како момент на ново почеток.



bottom of page