top of page

Ратко Панчевски, изложба, КИЦ

14.11.24 г., во 18:00

Отварање на самостојната изложбана слики од Ратко Панчевски.

Скопје, 8 април 2024 година – Салон Империјал, со почеток во 20 часот, ќе го вдоми отворањето на самостојната изложба на слики од Ратко Панчевски, еден од најпрепознатливите македонски уметници во областа на ликовната уметност. Изложбата ја организира Културно-информативниот центар – Скопје и ќе остане отворена за посетители до 20 април 2024 година.


ree

Изложбата е посебна по повеќе причини. Прво, таа означува значаен јубилеј во кариерата на уметникот – 50 години од неговото ликовно творештво. Второ, се претставува како ретроспектива на духовното патување на Панчевски, со дела кои се протегаат низ различни периоди од неговото делување.


Ратко Панчевски, роден во 1954 година, е дипломиран инженер-архитект и уметник чии дела се разновидни и мултидисциплинарни. Неговите слики, вајарства, интериерни решенија и модни креации од свила се доказ за широкиот дијапазон на неговото мајсторство и креативност. Ученик на професорите Љубомир Белогаски и Владимир Георгиевски, Панчевски го продолжува нивниот дух во своето творечко изразување.


На изложбата, посетителите ќе можат да видат селекција на дела кои ги подигаат прашања за архитектурата на просторот, за односот помеѓу формата и функционалноста, како и за естетската димензија на уметноста која влегува во нашето секојдневие. Слично на неговите архитектонски проекти, сликите на Панчевски се карактеризираат со чисти линии и балансирани композиции.Покрај тоа што е проек тант на значајни архитектонски објекти, Панчевски е и активен учесник на многу архитектонски и урбанистички конкурси и е познат по своите вајарски дела. Воедно, тој е препознатлив и по неговите авторски книги и илустрирани модни детали од свила.Изложбата не е само прослава на професионалните достигнувања на Ратко Панчевски, туку и препознавање на неговиот придонес кон развојот на македонската уметност и култура.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page