top of page

Фијук саем, Партизанска штампа, Музеј на Македонија

14.11.24, во 18:00

Оваа сабота од 12 до 17 часот, љубителите на независното издаваштво ќе можат да уживаат во еклектична програма!

Скопје, 14 Maрт – Еден од најинтригантните културни настани на оваа пролет, ФИЈУК САЕМ, ќе се одржи во сабота, 16 март, во просториите на Музејот на Македонија.


Од 12 до 17 часот, љубителите на независното издаваштво ќе можат да уживаат во еклектична програма кој носи настани: од изложби, музика, до широк спектар на печатен материјал.




Организаторите на настанот, Партизанска штампа во соработка со Гола Планина Колектив и БОШ Фестивал, ветуваат ден полн со култура, уметност и музика. Настанот ќе започне со отварањето на ФИЈУК САЕМ.



Јавноста ќе има чест да ја види изложбата „Осетливи Ткива“ на Васил Тасевски и да ужива во музичките перформанси на Дарфа и Лепи Џони, кои ќе започнат од 13:00 часот. Веднаш потоа, во 15:00 часот, ќе следи и Етно Џем, каде што ќе може да се слушне традиционална музика во современ аранжман.



Посетителите ќе имаат уникатна можност да се сретнат и дружат со автори и уметници од различни области - од писатели и поети, до музичари и визуелни уметници. Средбите со авторите и прегледот на нивните дела ќе обезбедат плодна почва за дискусии и размена на идеи.


ФИИИИИИЈУК!
Бенг Бенг!
Брзо како куршум (од зад грб) ја најавуваме следната територија за нашето заседание, чија цел е секако водење на сетилата кон нивните високи страсти. Овој пат ни е домаќин Музејот на Македонија, каде пристигаме со заштрашувачка количина на независно издаваштво - меѓу најпотентните помагала доколку целите кон сéнародно ослободување на срцатa, душите, и пред сé либидото.
Со нас е и изложбата „Осетливи Ткива“ на Васил Тасевски, како и музичката програма со Голо-планински Етно Џем и музички луп перформанс од Дарфа и Лепи Џони.
Се гледаме на дневна светлина, во сабота (16.03) од 12 до 17 часот.
Автор на плакатот: Марко Печеновиќ
Со почит,
Партизанска штампа, Гола Планина Колектив и БОШ Фестивал.
ПРОГРАМА:
Отварање на ФИЈУК САЕМ - 12:00
Изложба „Осетливи Ткива“ + Дарфа-Лепи Џони - 13:00
Етно Џем - 15:00

Списокот на учесници е импресивен и вклучува имиња како Matrijarsija, Longest Night, Shock Troopers, Арт Еквилибриум, Тома Димовски, и многу други. Посетителите ќе можат да набават независни печатни изданија и уметнички дела, а исто така и да уживаат во единствената атмосфера која ја нуди овој настан.



Партизанска штампа, која дејствува од 2015 година, е позната по својата посветеност кон ширењето на современата уметност и култура преку своите силкотпечатени изданија и работилници.



За повеќе информации за настанот, уметниците и програмата, посетителите може да се информираат преку социјалните мрежи или официјалните страници на организаторите.



Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да станете дел од културниот бран кој подготвуваат Партизанска штампа и нејзините партнери во Музејот на Република Северна Македонија овој викенд.


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page