ФИЈУК ќе ја раздрма Битола со независно уметничко издаваштво и музика | https://www.diva.mk/news/-фијук-ќе-ја-раздрма-битола-со-независно-уметничко-издаваштво-и-музика
top of page

Фијук саем, Битола

26.4.24, во 18:00

ФИЈУК е саем на независно уметничко издаваштво, место каде можете да се вооружате со нови идеи реализирани во различни материјални форми, купувајќи си графики, плакати, постери, музика, мапи, арт книги и фотографии од цела плејада на независни уметници.

Битола, 20 април - Во атмосферата на пролетно преродување, Центарот за култура во Битола се претвора во собирно место за љубители на уметноста и културното творештво под мотото на ФИЈУК - саемот на независно уметничко издаваштво. Вo сабота, 20 април, од 12 до 18 часот, Горното фоаје на Центарот за култура ќе биде место каде посетителите ќе можат да откријат, истражат и придонесат за локалната уметничка сцена.



ФИЈУК е настан кој ги истакнува и промовира делата на независните уметници, нудејќи им на посетителите уникатна можност да се вооружат со нови идеи изразени преку графики, плакати, постери, музика, мапи, арт книги и фотографии. Овој креативен саем е не само продажна изложба, туку и простор за средби и дружење со истомисленици.



Саемот ќе биде збогатен и со промоцијата на две изданија на PonderBooks: збирката графики на Моника Ангелевска "дневник: острови на радост" и фото-книгата на Емилија Трајковска "Фото одисеја 2023". Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да се сретнат и разговараат со авторите, како и да добијат увид во нивните најнови творби.



Изложбата на графики во сито печат „Буниште“ на Тома Димовски ќе даде уште еден димензија на саемот, подигнувајќи ги визуелните уметности во преден план.



Музичката програма на ФИЈУК претставува микс од жанрови и стилови, започнувајќи со џез/рок/ноиз составот Kokiche Band кои ќе го отворат настанот со свој концерт во 12:00 часот. За крај на саемот, двајцата ветерани на битолската експериментална електронска музика, Димитар Додовски и sin:us, ќе обезбедат електронски звуци кои ќе го затворат настанот на високо ниво.



ФИЈУК не е само пазар на уметнички предмети - тоа е доживување кое овозможува културна размена и нови познанства, и како кулминација, простор за добра музика и убав муабет. Поканети сте да станете дел од ова културно собиралиште, каде секој посетител може да се обогати со парче уметност и да се забавува под музиката која ќе го дополнуваат  амбиентот.


 


За повеќе информации и актуелности, следете ја ФИЈУК на социјалните мрежи и не пропуштајте да бидете дел од овој уникатен настан во Битола.


Повеќе за настанот на Фејсбук овде.



bottom of page