top of page

театар, Битола, Момчето со пругаста пижама

18.5.24, во 18:00

Потсетник за мрачните страници од нашето минато кои треба да раѓаат само едно - посветла иднина.

Битола на деветти март ќе биде домаќин на еден исклучителен театарски настан. Точно во 19.00 часот, вратите на НУ Народен Театар Битола ќе бидат отворени за претставата која го освојува светот и срцата на многумина - „Момчето со пругаста пижама“, по романот на Џон Бојн.




Во режија на Владимир Јованоски и продуцентската грижа на Зоран Јованоски, актерската екипа со Никола Стојановски во улогата на Бруно и Владимир Јованоски како Франц Вајсман, успеа да создаде една прониклива и емотивна адаптација на оваа позната приказна.



„Момчето со пругаста пижама“ е тажна, но моќна приказна за пријателството, невиноста и губењето на невиноста во сенката на Втората светска војна. Претставата преку очите на младото момче Бруно, го открива ужасот и неразбирањето на нацизмот, нудејќи и безвременска порака за човечноста и соживотот.



Влезот е бесплатен и претставата е наменета за деца од 5-то одделение и средношколци, што уште повеќе го зголеми значењето на настанот како образовен и културен момент за младите Организацијата на претставата беше во соработка со Еврејската заедница и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, потенцирајќи ја улогата на културата во промовирањето на разбирањето и прифаќањето на различностите.



Со ова мошне значајно театарско дело, „Момчето со пругаста пижама“ представува и потсетник за мрачните страници од нашето минато кои треба да раѓаат само едно - посветла иднина. На овој настан, театарот се потврди како место каде што уметноста и културата преминуваат во сознанието и емоциите на секој посетител, оставајќи трајни чувства и мисли кои одекнуваат долго откако ќе заминеме.

bottom of page