14.11.24, во 18:00
"Неврзаните" и "Филмски герили" - Новиот Визионерски Проект на Мила Турајлиќ
Со големо задоволство ви најавуваме интригантен филмски настан за ентузијастите на историјата - проекцијата на документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ.
Овие два долгометражни филмови ќе бидат прикажани во Салон 19:19 во Културно информативниот центар - Скопје, на 15.2.2024 година, со почеток во 20 часот.
Диптихот ќе не́ носи на архивски роуд-трип низ раѓањето на проектот „Трет свет“ односно Неврзаните, на кои СФРЈ беше членка, откривајќи невидени 35 мм материјали снимени од Стеван Лабудовиќ, снимателот на југословенскиот претседател Тито. Првиот филм е посветен на појавата на Движењето на неврзаните и на Самитот што се одржа во Белград во 1961 година, додека вториот филм е возбудливо патување во архивските материјали снимени од Лабудовиќ во текот на Алжирската војна за независност.
Овие филмови не само што се документарна репортажа за една историска епоха, туку исто така проследуваат како еден глобален проект на политичка еманципација бил конструиран низ филмската слика.
По успешната премиера на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Амстердам - IDFA и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF), диптихот сега ќе биде прикажан и во Скопје (по втор пат откако беше прикажан на Македокс).
Режисери: Mila Turajlić
Сценарио: Mila Turajlić
Камера: Mila Turajlić
Монтажа: Sylvie Gadmer, Mila Turajlić, Céline Ducreux
Звук: Aleksandar Protić
Музика: Jonathan Morali
Продукција: POPPY PICTURES, SURVIVANCE
Копродукција: RESTART, KINO
Влезот е слободен и сите се добредојдени.