AKTO19 во партнерство со Силата еу младите: Градот ме тера да пеам | https://www.diva.mk/news/akto19-во-партнерство-со-силата-еу-младите%3A-градот-ме-тера-да-пеам-
top of page

АКТО, АКТО19, Градот ме тера да пеам, Силата еу младите, Јавни простори во движење (кон) II, Јагода бар

26.4.24, во 18:00

Битола оваа сабота ќе биде домаќин на еден од најсвежите културни настани во Македонија. Сосема навидум сосема скопското мото „Градот ме тера да пеам“ ќе биде проширено во Битола „за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“ - како што известуваат од ФРУ.

Саботната ноќ во Битола ќе оживее со еклектични звуци, па центарот на градот ќе биде претворен во жива сцена за настанот "Градот ме тера да пеам". Во организација на фестивалот АКТО 19 и во соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.


Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Дневната програма започнува во кафе барот Јагода со промоција на иновативниот винил "ПОП КУЛТУРА", кој содржи дела од најистакнатите млади македонски музички имиња. Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе добро познатиот Slatkaristika. Настапи на промоцијата ќе имаат:

Димчуга (Dimchuga) од колективот WHY2K?, Гелев (GLV) и Кекиќ (Kekikj) од колективот МИНТ.




Вечерта, како што е ред журкате се префрла во клуб -Јагода од 22-5 наутро (како што е ред!!) , каде што ќе се одржи вечерно-утринската програма со богат музички репертоар. Младите надежи (да бидеме искрени - го надминаа тој статус) на македонската музичка сцена, вклучувајќи ги Локал Блу, Занаду и Поетроника, по после полноќ кога Пепелашка ќе избега дома Јос и Мартина Пенева го преземаат диџеј пултот



Првиот дел од вечерта со концертни настапи ќе се претстави младата генерација музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. На сцената ќе настапат: Димитра, како претставник на локалната битолска сцена и бендовите Локал Блу (The Local Blue), Занаду и музичкиот проект Поетроника. По полноќ публиката ќе танцува на музичкиот избор на младите диџеи Јос и Мартина Пенева.

Иницијаторот и идеен творец на настанот, Мирко Попов, кој беше и продолжува да биде истакнат промотор на македонската музика и култура, истакна дека компилацијата „Градот ме тера да пеам“ според кој е насловен настанот е омаж на "убавите деца на овој град", и покана за сите да станат дел од заедничкото културно испишување на иднината.


„Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Тие заедно создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка.
„Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град... убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година.
„Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“.
Ве каниме во Битола заедно да танцуваме и да ја славиме македонската музика и култура.

Знаете што треба да правите...




bottom of page