14.11.24, во 18:00
Во текот на пет-часовниот настан во Лабораториум, под организација на Силата еу Младите и музичкиот колектив OVC, ќе биде претставен новиот рејв концепт – "NEWCOMERS DAY RAVE VOL.2".
Скопје, 27.01.2024 - Во Лабораториум, под облаците на креативното небо, се шири елегантна хармонија, со секој бит и мелодија :) на "NEWCOMERS DAY RAVE VOL.2". Ве очекува дневен хардгрув и индустријал техно, од 12:00 часот до 17:00 часот.

Организаторите, Силата еу Младите и OVC, ве покануваат да се подготвите за дневно - несекојдневно рејв-доживување во Лабораториум. Силата ЕУ Младите, кои ги започнаа своите активности како платформа за ангажирање и промоција на квалитетни младински движења и сцени, станаа неизбежен дел од културната сцена во Македонија.
Од креативниот дух на младите, настанот "NEWCOMERS DAY RAVE VOL.2" претставува вистинска рефлексија. OVC, музички колектив лансиран во 2022 година, постојано работи на промоција и дестигматизација на електронската музика во Македонија.
Во текот на рејвот, OVC резидент диџеј, Chrisot, со својот hardgroove set, ќе ја креира вистинската атмосфера на настанот. Додека Mamba, Buckull и Arzy, новите имиња на македонската сцена, ќе ве водат низ хипнотички звуци, hard tech битови и индустријал техно.
Доколку сте љубители на необичниот и разновидниот звук, не пропуштајте го овој настан. Билетите се во продажба во Лабораториум по цена од 200 денари во претпродажба и 300 денари на вратата. Придружете се на овој уникатен рејв и танцувајте со нас под дневна светлина!