top of page

изложба, Тома Димовски, култура на инклузивност, КСП Центар Јадро, Аница Бебиќ

14.11.24, во 18:00

Инклузивната уметност ја слави жената

Уметноста е моќна алатка за разбивање на бариерите и промовирање на инклузивноста. Во таа насока, Аница Бебиќ и Тома Димовски организираат изложба со наслов „Rib or all parts matter of fact“, која ќе има можност да допре до посетителите на две локации во Скопје. Првото отворање ќе биде во КСП Центар Јадро на 2 април, додека второто ќе следи во ОРО - Радио Галерија и Бар на 3 април, со можност за посета и во наредните два дена.




Изложбата на Бебиќ и Димовски е посветена на целосното постоење на жената, истакнувајќи го значењето на секој дел од нејзиното тело и улогата што ја има во општестовото. Со модерен пристап, авторите сугерираат на посетителите да немаат претензии да ја разберат изложбата, туку едноставно да уживаат во уметноста која таа ја претставува.

    Бог видел дека Адам е осамен и имал потреба од придружник. Затоа тој зел ребро од Адам и од него ја создал жената и ја нарекол Ева. Таа настанала од машкото ребро, не од неговите стапала за да се гази по неа, не од неговата глава за да се владее со неа туку од реброто за да биде еднаква со него. Настанала од реброто под рацете да биде заштитена и покрај срцето да биде сакана. Љубов, поетот рекол е целосното постоење на жената. Во неа се наоѓа моќта да создава , да се прима и да се менува. Таа е составен дел од целиот процес во општеството. И поради тоа, секое нејзино делче е подеднакво важно и вредно. Историски гледано жената отсекогаш била ставена на маргините на општеството. На современата жена не ѝ е едноставно да ги спои заедно професијата, улогата на сопруга, мајка, граѓанин. Исто така не е едноставно да се покаже дека секој нејзин дел од телото за да биде подеднакво важен, и дека сите тие делови се битни за да има една целина. Затоа сѐ има свое значење и улога. ,, Rib or all parts matter of fact ‘’ е изложба направена со цел да се покаже дека секој дел од телото на жената е битен. Секоја точка, агол, кривина и со тоа е целина. Генерализирање на само еден дел од неа  е многу чест, но со тоа жената треба да покаже мистерија, дека е силна и дека се кај неа е битно. 
Со задоволство би сакале да ве информираме за предстојната изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски со наслов "Rib or all parts matter of fact", која ќе се одржи во КСП Центар Јадро, Скопје, на 2 Април. 2024та. Изложбата е посветена на целосното постоење на жената, во која се истакнува значењето на секој дел од нејзиното тело и неговата улога во општеството. Со оваа изложба, се надеваме да ги поттикнеме посетителите да размислуваат за разновидноста и красотата на женското тело, како и за значењето на секој аспект од нејзиното постоење. Преку уметнички изрази, сакаме да ги прикажеме жените како целосни, моќни и важни делови на општеството. Овој настан е релевантен за вашата публика бидејќи обедува теми како рамнотежата меѓу различните улоги на современата жена, историскиот контекст на нејзината улога во општеството, како и значењето на индивидуалната идентичност и самосвеста.
             Модерните слики се како жена, никогаш нема да уживате во нив ако се обидувате да ги разберете. ЗАТОА НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ЈА РАЗБЕРЕТЕ ИЗЛЖОБАТА . ЕДНОСТАВНО УЖИВАЈТЕ ВО НЕА!
Учесници : Ана Денковска Филип Трајаноски 
Музика Оливер Јосифовски
Звук, Нора Стојанович и Пеџа Радојевич
Благодарност до 
Националниот сојуз на лица со телесна попреченост
Мобилност Македонија

За овој настан ќе придонесат и учесниците Ана Денковска, Филип Трајаноски со својот уметнички израз, додека музичката атмосфера ќе биде дело на Оливер Јосифовски. Покрај нивните улоги, организаторите ја изразуваат својата благодарност до Националниот сојуз на лица со телесна попреченост и Мобилност Македонија, што потенцира дека вклучувањето на лица со попреченост во уметноста не е само морално исправно, туку и есенцијално за демократско и отворено општество.



Интеграцијата на лица со попреченост во уметноста е битна поради неколку причини. Прво и основно, уметноста треба да биде универзално достапна и да овозможи секој индивидуа непречено да го реализира и актуелизира својот уметнички израз, но и свои мисли и емоции. Покрај тоа, уметноста служи како платформа за дијалог и освестување на различните животни искуства. Вклучувањето на лица со попреченост во уметничкиот свет им овозможува на овие индивидуи да ја подигнат својата видливост во општеството и да ги предизвикаат стереотипите и предрасудите кои сè уште постојат. Кога уметноста станува инклузивна, таа ја подобрува социјалната кохезија и придонесува кон побогато културно ткиво.






bottom of page