top of page

Дина Јашари, концерт, КИЦ

Интимно искуство во акустични звуци - Дина Јашари го открива своето „Како дома“


Скопје, Македонија - Најавен е концерт кој е примамлив за публиката од повеќе генерации ск исто толку разновидни вкусови, а во центарот на тој музички специјалитет е талентираната кантавторка и продуцентка од Македонија - Дина Јашари.


Запишете во календарите - „Вечер сум на концерт на Дина во 14.12.2023 (четврток) во 20 часот, во Салон 19:19“ !


Дина Јашари е исклучителен, вешт текстописец, и артист кој ја носи сопствената приказна во секоја нота и музички израз. Со искрени и емотивни текстови, нејзината нео-соул атмосфера и софистициран поп звук стануваат лирични, а воедно и соодветни за различни слушателски вкусови.



Во 2022 година, Дина ја освои престижната награда „Милан Младеновиќ“, што само го потврдува нејзиниот статус на регионалната музичка сцена (Но наградите не ја заклучуваат нејзината кариера во мирување - тие се почеток на нешто уште поголемо.)


Unplugged Series 004: Како дома ќе биде момент кога Дина и нејзината музика ќе се откријат во акустична верзија, директно пред публиката во интимниот амбиент на Салон 19:19.


Влезот е слободен.


Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје, како Европска престолнина на културата 2028, што го прави уште посветен на идејата за уметност, инклузивност и културно обогатување.



bottom of page