Како Бремената Ријана го редефинира бременото тело

Бременото тело традиционално е извор на срам и стомакот е покриван и криен, а тој срам е поврзуван и со суеверија. Едно од објаснувањата е - бременоста е многу очигледен потсетник дека мајката имала секс, па онаа дихотомија: светица, мајка Богородица, и курва е во конфликт.

Прва во поп културата која го покажа своето бремено тело беше Деми Мур во фото сесија за Венити Фер, каде што објавија вкусни актови но и покрај тоа тоа издание било покривано на ист начин на кој биле покривани порно списанијата. Триесет години подоцна , жените на бојата одбиваат да се извинуваат за било што а Ријана тоа го преведе во нејзиното бремено тело: продолжи да го облекува како и секогаш со тоа што стомакот е секогаш акцентиран(обично тоа за нејзе беа голите нозе)…


Кога се појави на модната недела во Париз во црнa мрежа, црна долна облека и црни чизми интернетот ја “облекуваше” во фотошоп, за да покаже како треба…






„Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што се смета за „пристојно“ за бремените жени“, изјави Ријана на писателката Чиома Ннади за нејзиниот став за ”мајчинскиот” стил. „Моето тело прави неверојатни работи во моментов, и нема да се срамам од тоа. Овој пат треба да се гледа славенички. Затоа што треба да ја криеме бременоста?”


Rihanna за Vogue, фотографирана од Annie Leibovitz

Еве го трудничкиот стил на Рири од моментот кога ка ја објави бременоста:

статусот легенда и поп икона и те како заслужен.