top of page

Бонсаи најава за Бонсаи афиони!


Во најавата за промоцијата на „Џинџуџе во земјата на афионите„ (27 мај ,20 часот во МКЦ), и одбележување на 20 години постоење на едицијата „Магма“ беше протнато и следното:


„Мал концерт инспириран од расказите во книгата, ќе одржи музичкиот состав „Бонсаи афиони“ ( Владимир Лукаш, Владо Манчевски, Владимир Мартиновски, Вук Митевски.)” - двајца од нив се вклучени во антологијата, па е и некако природно што ќе нè почастат со концерт.




Што можеме да очекуваме доколку претпоставиме дека Бонсаи афиони е збир на поединечните проекти на неговите членови? Тројца Владимири и еден Вук? Дали е воопшто фер да се обидеме да го одговориме ова прашање, посебно знаејќи дека сите имаат креативни кариери кои можат да населат барем осуммина луѓе.


Владимир Лукаш е деновиве познат како писател и ликовен уметник во еднаква мера, но и како музичар (Свирачиња, Поклон!) .


Вук Митевски е познат како режисер, арт директор и скулптор, но и како тапанар и музичар (Поклон!) .


Мартиновски е примарно познат како писател и универзитетски професор, но и како музичар (Баклава).


Владо Манчевски – Волтер Мани Ал Хаким е целосно посветен на музиката. Од 2015 до сега се има потпишано на осум музички проекти како вокал, композитор, текстописец, продуцент и гитарист.



Со напомена: она ‘примарно познат’ земете го со големо ’ако’ и секако, сигурни сме дека професионалните биографии имаат многу повеќе што да кажат за оваков профил на ренесансни луѓе, кои од една страна се џек на сите занаети но и умешни во секоја од нив.


Дали доколку го поставиме прашањето: Дали Бонсаи афиони ќе бидат збир на музичките проекти на групава – најчесто опишувани како експериментални, рок, перформанс и поезија со музика?


Еве што одговори Лукаш кога го прашавме:


„Квартетот е оформен специјално за промоцијата и не знам дали ќе постои и понатаму. Во однос на музиката што ќе ја изведуваме, станува збор за слободна импровизација на претходно зададена форма, со елементи на џез, хардкор, современа класична музика, ритуални напеви од барем три непостоечки амазонски племиња, нежен нојс и секако - малку шлагер. Во Свирачиња и Поклон! членувале три од четирите члена на Бонсаи афиони, така што, сигурно ќе ставиме по една лажичка и од тие зачини во нашата звуковна чорба.„

Кога чорбата била супа:







Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page