top of page

Доаѓа третото издание на фестивалот за алтернативна фотографија Зрно


Во услови кои се далеку од идеални, поради минималната поддршка од Министерството за култура, Зрно Фестивалот , годинава го остварува своето трето издание, надминувајќи ги сите пречки, Зрно продолжува да расте и да привлекува внимание. Овој фестивал е посветен на уметноста на аналогната фотографија и благородните фотографски процеси, нудејќи единствена можност за фотографите и љубителите на оваа уметност да се запознаат со најсовремените и алтернативни техники.


Меѓународна изложба на аналогна фотографија

Фестивалот започнува на 28ми Јуни во Мултимедијалниот Центар Мала Станица, каде во 20.00 часот ќе биде отворена меѓународната изложба на аналогна фотографија. Делата, избрани преку отворен повик, се селекција на деветчлено меѓународно жири, кое направило пресек на современите текови во светската фотографија. Над дваесет автори од целиот свет ќе ги претстават своите дела, нудејќи уникатен поглед во различни стилови и техники на фотографирање.

Две авторски изложби


На 10 Јули, во галеријата на ФЛУ, Сули Ан, ќе бидат отворени две авторски изложби. Наталија Копкина од Хелсинки ќе ја презентира својата изложба „Форма“, додека Бабакк Хаџи од Техеран ќе го претстави својот избор на дела. Овие двајца автори се познати по своите алтернативни пристапи кон фотографијата, кои се карактеризираат со иновативност и креативност.


Тијана Борбељ и нејзината изложба „Еден“


На 12 Јули, во Монтажната галерија, во паркот на франкофонијата, Тијана Борбељ од Нови Сад ќе ја отвори својата авторска изложба „Еден“. Оваа изложба претставува интимен поглед во личните емоции и искуства на авторката, пренесени преку уникатни фотографии.

Работилници за благородни фотографски процеси


Носечката активност на Зрно Фестивалот, што го прави единствен во светот, се работилниците за алтернативни, благородни фотографски процеси. Годинава, овие работилници ќе се одржат во село Смилево, во манастирот, каде што учесниците ќе имаат можност да учат од најголемите експерти во оваа област. Организаторите се зачудени од фактот дека повеќе пријавени од странство отколку домашни фотографи.


На работилниците има повеќе пријавени од странство отколку домашни учесници што е своевиден куриозитет, иако, за наши луѓе Зрно нуди посебни, повластени услови, а тоа го прави за да ја зајакне домашната фотографска сцена (затоа што нема кој друг).
Во Смилево, ќе се одржат и две изложби, на Миша Кескеновиќ и на фото клубот Ирис од Темишвар. Изложбите ќе се одржат на отворено и пред коперација, од поважните нешта – ќе има и проекција на филм, во соработка со МакеДокс и НУ Манифестација Смилевски конгрес - Смилево, Демир Хисар и други, пропратни активности.  
По завршувањето на работилниците за благородни фотографски процеси во Смилево, ќе биде поставена изложба на избрани дела настанати на работилниците.

Врвни ментори и ретки техники


Менторите на Зрно оваа година се:


- Миша Кескеновиќ од Сежана, Словенија, кој ќе ја води работилницата за нова цијанотипија.

- Михаел Лаубш од Виена, Австрија, ќе ја води работилницата за течна фотографска емулзија.

- Ивана Томановиќ од Белград, Србија, ќе биде задолжена за класичната црно-бела лабораторија.

- Стиг Марлон Вестон од Осло, Норвешка, ќе води работилница за еко-лумент принтови.

- Предраг Узелац од Нови Сад, Србија, ќе води работилница за мокар колодоум.

-Дамиан Диаконеску** од Темишвар, Романија, ќе ги води работилниците за гумотипија и Ван Дајк фотографија.

- Емилија Сандиќ ижСтефан Стефановски** од Нови Сад, Србија, ќе ја водат работилницата за креативни игри во класичната темна

Прилика за учење


Овие работилници претставуваат ретка можност за вистинските вљубеници во автентичната фотографска уметност да научат нешто ново и уникатно од врвни авторитети. Учесниците ќе имаат можност да експериментираат со различни материјали и техники, создавајќи уникатни дела кои ќе бидат изложени по завршувањето на работилницитe.

Смилево: центар на креативноста


Покрај работилниците, во Смилево ќе се одржат и две изложби, на Миша Кескеновиќ и на фото клубот Ирис од Темишвар. Изложбите ќе се одржат на отворено, нудејќи уникатен амбиент и можност за интеракција со природата. Дополнително, ќе има и проекција на филм во соработка со МакеДокс и НУ Манифестација Смилевски конгрес.



Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page