top of page

“Драг дневнику, бев на состанок со Kanye..„

Џулија Фокс (Julia Fox) е име кое не ни значи ништо, а кога ги видовме сликите - ниту пак ликот. Дознавме дека е глумица, но ете, никогаш не сме налетале на неа. До сега. Нѝ даваше Меган Меркел, енергија, додека не го видовме написов во Interview магазинот насловен како „Date night", илустриран со над десетина интимни фотографии. Овој потег ќе испровоцира една од две реакции кај Кање и неговиот камп - или воодушевување, или шок и неверица. Еве што напиша Џулија, за вториот состанок со Кање.




„Го сретнав Је во Мајами за Нова година и тоа беше инстант конекција. Неговата енергија е толку многу забавна да се посведочи од блиску. Мене и моите пријатели нè смееше, поради него бевме насмеани и танцувавме цела вечер. Решивме да продолжиме да ја оддржуваме оваа енергија, и да отидеме во Њу Јорк за да ја видиме претставата Slave Play (Робова игра). Летот на Је се приземји во шест, а претставата беше во седум, и тој беше таму НА ВРЕМЕ. Бев импресионирана. После претставата решивме да одиме на вечера во Carbone кој е еден од моите омилени ресторани. Очигледно. Во ресторанот, Је изрежира цела една фотосесија за мене додека луѓето вечераа! Целиот ресторан уживаше и навиваше додека се одвиваше. По вечерата, Је имаше изненадување за мене. Мислам, уште сум во шок. Је имаше цел хотелски апартман полн со облека. Тоа беше сон на секоја девојка. Го доживеав како вистински "Пепелашка момент". Уште не знам како успеа да го изведе тоа, или како успеа да го донесе на време. Но бев толку многу изненадена. Мислам, кој прави ваков тип на работи на вториот дејт? Или било кој дејт! Сè со нас беше толку органско. Не знам во која насока оди ситуацијава, но доколку ова е некаква индикација за иднината, го сакам патувањево.


p.s. И додека сите сме преокупирани со новата романтична ситуација на Кање, тој веќе се врати во Мајами, и имаше уште еден интересен, ако не и поинтересен состанок со Џеред Кушнер (Jared Kushner), зетот на Доналд Трамп (Donald Trump). Не е некаква тајна дека отворената љубов на Је кон поранешниот претседател, и инсистирањето да го носи црвеното МАГА капче зададе голем удар во бракот со Ким. По сопствено признание, црвеното капче го направи не само него и Ким, туку и нивните деца мета на суперлибералниот Холивуд од кој што го „вадат лебот„. Ако се обидува на овој начин да ѝ го сврти вниманието на Ким...



Comments


bottom of page