top of page

Застрашувачкиот сјај на голите тела: meta gaze го замени male gaze..




Доколку сте во Виена или планирате да одите, и сакате за евтино да ги прошетате многу од знаменитостите, еве што вели Виенската Туристичка Комора на својот Only Fans профил (- да добро читате!):

"Го почнавме OnlyFans како протест на изобилната цензура на експлицитна уметност од страна на алгоритмите на социјалните медиуми. Иако проблемот ниту оддалеку не е решен, сакаме да веруваме дека можеби ќе започнеме глобална дискусија. И вие, нашите следбеници, имавте прекрасен удел. Сакаме да се заблагодариме на

Leopold Museum, Kunsthistorisches Museum, Albertina Museum и Naturhistorisches Museum Vienna...

Затоа пристапот до нашиот профил е бесплатен за сите корисници. Давајќи му на секој љубител на уметноста можност да ужива во виенската уметност како што е наменето од уметниците. Оваа промена го означува крајот за нашиот бонус за претплата. Но, за сите кои се претплатиле на нашиот канал на или пред 31 октомври: не заборавајте да испратите e-mail на onlyfans@vienna.com за бесплатен билет за музеј во Виена по ваш избор.,

Бакнежи,

Виенската туристичка комора"

Освен бескрајните поплаки од уметниците, за повлекување на нивните дела, по прв пат кога колективно здоболе полисата за разголеност, беше кога слушнавме дека Фејсбук ја тргнал Вилендорфската Венера - но после реакциите ја вратија и ги дополнија правилата за навигација и додадоа: „ голотијата не важи за статуи„ (што ќе кажеш на тоа Прометеј по гаќи?)

Кратко после тоа Фејсбук беше тужен за цензура, од учителот и вљубеник во сите работи уметност Frederic Durand-Baissas на кого профилот му бил суспендиран на 30 дена, откако постирал линк, на кој thumbnail-от била „ Потеклото на светот„ од Gustave Courbet медиумите известуваа: "фејсбук суспендира профил, поради пиче од 19от век! " - овие правила, објаснуваат од Инстаграм се - затоа што не можат да знаат дали голото тело е на малолетно дете, или некој кој е жртва на трговија со луѓе, одмаздничко порно - едноставно не е возможно во овие размери да се одреди контекст за секоја пријавена слика или пост.

Но она што паѓа во очи, повеќе од „колку повеќе контекст сакате во уметноста за да знаете дека не е малолетничко порно?! „ - е сударот на европскиот и американскиот менталитет: кој освен оперирањето по логиката на легалноста, и исклучиво по нејзе, фатена е за рака со фосилизиран конзервативен менталитет типичен за амишите, на пример. Во Европа, секако дека има конзервативност, но таа се чини, се придвижила со духот на времето и она што е практично и здраворазумско - гледа да не влегува во конфликт се́ во име на прагмата.

Социјалните мрежи не одат никаде, ниту пак се чини дека ќе попуштат. Под нивната пета се чини дека се дури и механизмите на кансел културата „ don't bullshit the bullshitter" ..тие го донесоа на голема врата, но тие го обезглавија Трамп. Во овој момент се омнипотентни. Но гневот на уметниците, се чини, почнува да ги разјадува, по ова прашање. Селењето на Онлифанс на Виенската уметност беше духовит подвиг од Туристичката комора на Виена, и толку. Се изнедрија неколку сајтови и иницијативи како Don’t delete art, Censorpedia, National Coalition Against Censorship, а фондот на уметнички дела, фотографии, инсталации, перфомрманси, од ден на ден се зголемува, и доколку се согласуваме да ја земеме Историјата како учителка - уметноста е секогаш јазикот на бранот кој удира во форма на Цајтгајст.

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page