top of page

ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово со документарниот филм „Убиство во Тетово“

Истражувачката репортерска лабораторија со сите свои приказни - дали се написи или истражувања во видео формат, прават нешто што не само заспаното мрзеливо македонското новинарство со своите политикантски пресметки (во кои спаѓа и отплатата за таа калкулирана заспаност) - туку и активистите кои се чини дека го издишаа целиот ентузијазам на македонската свест, сосема заборавија како да го прават. Да ја земат контролата над наративот во свои раце, а со тоа и моќта на ситуацијата.


Овој пат ИРЛ се осврнуваат на трагедијата која личеше на некој круг од пеколот на 8-ми септември - пожарот во КОВИД болницата во Тетово. ИРЛ го отпочнуваат написот кој е придружен на документарецот со


Сите несреќи од катастрофални размери коишто се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика која била дел од клучните настани кои довеле до катастрофата, а тоа е следново: Сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и заедничките добра. Запоставувањата предизвикале не само оштетувањето на заедничките пари и имот, туку личната корист толку преовладала, што запоставувањето на должностите отишло во такви размери што довело до чести настани со непотребна смрт и страдања на граѓаните.“


Во духот на водителките на забавните програми, „да не должиме многу - погледнете“:




Commenti


bottom of page